1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критики за номинацијата на Пол Волфовиц

22 март 2005

Номинацијата на американскиот заменик -министер за одбрана Пол Волфовиц за нов шеф на Светската банка во Европа и во светот не беше примена баш со одушевување. Волфовиц има малку искуство во помошта за развој во третиот свет. Место тоа, ја развиваше политиката кон Блискиот исток и воениот напад врз Ирак.

https://p.dw.com/p/AeP7
Идниот шеф на Светската банка, Пол Волфовиц
Идниот шеф на Светската банка, Пол ВолфовицФотографија: AP

Тој важи за нео-конзервативен тврдокорник и лојален соработник на американскиот престедател Џорџ Буш, а во јули треба да го замени досегашниот претседател Џејмс Волфенсон. Изборот на претставник од министерството за одбрана во никој случај не е исклучок. Веќе во 1967 година, претседателот Линдон Џонсон го имнеуваше својот министер за одбрана Роберт Макнамара, кој на изненадување на сите, мошне вешто ја водеше светската банка 13 години без големо мешање на американската влада. Какви се изгледите на Пол Волфовиц?

Брановите незадоволство од номинацијата на Пол Волфовиц за нов претседател на Светската банка се уште не се смирени. Во Интранет – страницата на Светската банка во Вашингтон можат да се најдат спротивставувања на соработниците од кои се гледа колку не е популарен и какви штети може да направи, ако тој наскоро стане прв човек на банката. Многу помирно е на погорните катови каде што извршните директори на управата ќе решаваат дали номинацијата од САД има шанса.

Петер Војке, бивш шеф на „Интернешенел фајнанс корпорејшн„, посестрима на Светската банка, во Вашингтон со коментар:

„Морам да кажам дека процесот на изборот на претседател на Светската банка не е добар. Тој секогаш доаѓа од САД, постојано е политичко решение, подеднакво како што директорот на Меѓународниот монетарен фонд е Европеец, па и тоа е политичко решение. Луѓето што сега се чудат за номинацијата на Волфовиц за мене се наивни. Сепак, би било многу подобро ако претседателот на еден таков институт биде избран меѓу признати и познати во светот„.

На пролетната сесија на Светската банка и на ММФ кон средината на април ќе падне официјалното решение, но тоа практично е формалност.

Инсајдерите и познавачите на Светската банка и на политичките кругови во Вашингтон се сигурни дека Волфовиц ќе биде следниот претседател. Едно од објаснувањата: во Еропа моментално се зафатени со трансатлантските дипломатски преговори со Иран, како и со укинувањето на ембаргото за оружје против Кина. Несогласување околу идниот претседател на Светската банка би водело кон проблеми. Освен тоа, ако европските членки го употребат своето право на вето, Буш би можел да пронајде уште потежок кандидат.

Според тоа, сега повеќе се поставува прашањето што ќе се промени во Светската банка под водството на Волфовиц? Сорен Емброуз, познат критичар на Светската банка и политички експерт на мрежата „50 години се доволно„, вели:

„Единствената функција на Светската банка, Пол Волфовиц како крстосносец, ќе ја ограничи на демократија и човекови права. Од повеќе причини не сметам дека во суштина многу ќе се променат зделките на Светската банка. Мислам дека повеќе тежина ќе биде ставена врз приватизацијата и меѓународните концерни кои повеќе ќе профитираат од проектите во земјите во развој. Мислам дека ќе може да се препознае и политичка мостра, на пример дека земјите што ги поддржуваат САД да профитираат со повеќе кредити или ослободување од долгови, додека противниците на американската политика ќе страдаат од недоволна поддршка од Светската банка„.

Значи, во идните години прашање ќе биде до кој степен Буш преку Волфовиц ќе ја инструментализира банката и ќе ја спроведува сопствената политика. Така гледа и Петер Војке:

„На Светската банка критичарите и префрлуваат дека секогаш страдаше од тоа што премногу ги застапува американските ставови. Од моето шест-годишно искуство можам да кажам дека не се случуваше светската банка вистина да функционира како мутилатерална институција. Меѓутоа, критика постојано има и кога еден политичар како Пол Волфовиц, кој во последните шест години ја застапуваше американската политика токму во арапскиот простор, посебно во Ирак, тогаш секако се страхува дека нема да биде мултилатерална. Меѓутоа надеж секогаш постои. Еднаш реков дека познатите луѓе не ги одбележуваат институциите, туку и институциите ги одбележуваат познатите личности. Би можело да се случи Волфовиц, кој е многу интелигентен, да се вклопи и во иднина да размислува мултилатерално„.