1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критичарите на договорот земаат залет

СН/ агенции
15 јуни 2018

Противниците на договорот во Грција се спротивставуваат на употребата на името „Македонија“. Критичарите во Македонија, пак, сметаат дека секоја модификација на името на земјата е закана за националниот идентитет.

https://p.dw.com/p/2zboT
Proteste vor dem Parlament in Skopje gegen Einigung Mazedoniens mit Griechenland im Namensstreit
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Втора вечер по ред протести во Скопје. Група граѓани се собра пред Собранието за да го искаже револтот од договорот со Грција. Демонстрантите го обвинија премиерот Зоран Заев за предавство и побараа негова оставка. На протестот беше побарано веднаш да прекинат сите активности за промена на името, а насобраните пееја патриотски песни и го извикуваа името на претседателот Ѓорге Иванов. Протести се најавени и за наредните денови, меѓу другото и во Битола, на роденденот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Нејзиниот претседател Мицкоски ги повика граѓаните на протестен марш во недела. Протести во следните денови исто така се планирани и во Грција - прво денеска во Атина, а потоа и во недела во Преспа, каде ќе се демонстрира против потпишувањето на договорот од страна на премиерите Заев и Ципрас.

Протести во Скопје, интерпелација во Атина

Критичарите на двете страни од границата се бесни и ги обвинуваат сопствените премиери дека премногу попуштиле во договорот. Критичарите во Македонија, пак, сметаат дека секоја модификација на името на земјата е закана за националниот идентитет. Противниците на договорот во Грција се спротивставуваат на употребата на името „Македонија“.

Повеќе:

-Протест во Атина: На Скопје му дадовте сѐ што е македонско - и јазик и идентитет!

-Мицотакис со интерпелација за Ципрас поради договорот со Македонија

-Зa Заев и Ципрас-иднина, за Мицкоски и Мицотакис- капитулација

 

И во двете земји договорот од страна на незадоволните беше оценет како штетен за националните интереси. Со тоа образложение грчката опозициска партија Нова Демократија поднесе и барање за гласање недоверба на владата на Ципрас во грчкиот парламент.

„Ние сакаме решение за прашањето на името, ние сакаме стабилност на Балканот. Но за такво нешто Грција треба да е стабилна и силна. Сакаме решение кое нема да им наштети на нашите национални интереси. Имам обврска пред грчкиот народ да се обидам да спречам иднината на нашата земја да биде ставена под хипотека со договор кој им наштетува на нашите национални интереси“, ја образложи претставката до парламентот, лидерот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис.

Премиерот Алексис Ципрас истакна дека барањето за интерпелација е добредојдено:

„Ова е првокласна можност во наредните денови детално да говориме за тоа кој што дал и кога и кој победил, а кој изгубил во оваа приказна, која ја мачеше нашата земја 26 години, и долго претходно“, рече Ципрас во обраќањето во парламентот во Атина.