1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критично ниво на опасност

2 јули 2007

Во Велика Британија и натаму е на сила терор алармот по пронајдените две автомобил бомби во Лондон и нападот врз аеродромот во Глазгов. Полицијата продолжува со акцијата на потрага по организаторите

https://p.dw.com/p/BARL
Полиција во ЛондонФотографија: AP

Критичното ниво на алрам во Велика Британија значи дека може да се смета на терористички напад во секој момент. Резултатите од истрагата покажуваат поврзаност помеѓу двете автомобил бомби во Лондон и нападот во аеродромот во Глазгов. Досега се уапсени најмалку пет лица во Глазгов и Северна Англија чиј идентитет полицијата засега одбива да го соопшти. Според британските медиуми двајца од уапсените биле доктори, едниот од нив со иранско поптекло. Зајакнати се безбедносните контроли на сите аеродроми во земјата што доведе до големи доцнења, а патниците мораа долго да чекаат. За автомобилите и останатите возила важи забрана за директен пристап кон аеродромските згради. Заменик шефот на полицијата Питер Кларк во врска со истрагата наведе:

“ Истрагата по настаните, по нападите се движи екстремно брзо. Не е воопшто пртетерување доколку се каже дека новите информации се дознаваат од час на час“

Ситуацијата во земјата е првата проба за новиот премиер Гордон Браун, кој најостро го осуди тероризмот:

”Тоа е долгорочна закана. Ова нема да помине во наредните недели или месеци. Мораме да се бориме против тоа со полицијата, војската и тајните служби.”

Најостра осуда пристигна и од страна на американскиот претседател Џорџ Буш. Последните настани според него покажуваат дека терористите не мируваат:

“ Тоа покажува дека војната против екстремистите продолжува. Никогаш не може да знаете каде тие можат да нападнат. Силно го респектирам начинот на кој реагиираше владата на премиерот Гордон Браун“

Британската министерка за внатрешни работи Џеки Смит истакна дека е важно да не се дозволи Британците да бидата заплашени туку да продолжат со животот. Пример за тоа беше концертот за принцезата Дајана на стадионот Вембли кој се одржа под огромни мерки за безбедност

Манифестацијата ја организираа нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари, по повод нејзиниот роденден. На отварањето на мега концертот во Лондон во чест на кралицата на срцата принцот Вилијам рече

" Оваа вечер е за се она што го сакаше нашата мајка. Нејзината музика, танцувањето, нејзините хуманитарни иницијативи, пријатели и семсјтвото ” рече 25 годишниот Вилијам

Покрај Елтон Џон, на концертот настапија и Род Стјуарт, Том Џонс, Кени Вест, Пи Диди, Џос Стон, Лили Ален...