1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крузерот Коста Алегра извлечен од Индискиот Океан

28 февруари 2012

Туристичкиот брод Коста Алегра со илјада патници и членови на екипажот, кој почна да тоне во водите на Индискиот Океан, успешно е извлечен од француски рибарски брод и е на пат кон Сејшелските острови.

https://p.dw.com/p/14B98
Фотографија: dapd

„Луксузниот италијански патнички брод „Коста Алегра“ со 1.000 патници и членови на екипажот, што заради вчерашниот пожар во котларницата плуташе во Индискиот Океан, довлечен е до најблискиот остров Десрош“, соопшти шефот на туристичката организација на Сејшелите, Ален Анж.

„Бродот сега е закотвен на островот Десрош, каде постои луксузно одморалиште, на кое сите патници ќе можат барем да се истушираат, а потоа со авиони да се превезат до местотот Махе“, рече тој.

Островот Десрош се наоѓа на околу 230 километри југозападно од Махе, најголемиот остров на Сејшелскиот архипелаг.

Според него, во овој момент нема доволно летови кои би можеле брзо да ги префрлат патниците надвор од Сејшелите, архипелаг со малку над 80.000 жители.

Kreuzfahrtschiff Costa Allegra
Фотографија: dapd

„Разговараме со бродскиот менаџмент за тоа што следно да направиме. Планираме со авиони да ги довеземе патниците до Махе, иако немаме доволно места за сместување на сите патници бидејќи многу места се пополнети заради меѓународниот карневал што почнува во петок“, изјави Анж.

„Коста Алегра“ припаѓа на истата компанија како и крузерот „Коста Конкордија“ , кој минатиот месец се насука кај италијанскиот остров Џиљо со 4.229 патници и членови на екипажот, а во таа несреќа животот го загубија 32 лица, пренесоа агенциите.

Пожарникарска екипа вчера го гаснела пожарот и во него никој не е повреден, но на бродот од тогаш нема струја, моторите не работат, а екипажот беше присилен да емитува повик за помош до бродовите што се наоѓаат во близина.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска