1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кубанците ќе можат да купуваат модерни автомобили

29 септември 2011

Оние кои ја посетиле Куба неретко се чувствувале како да отпатувале во минатото. Причината за тоа е и во автомобилите кои се возат низ улиците. Увозот на модерни возила досега не беше дозволен. Но, сега и тоа се менува.

https://p.dw.com/p/12ird
Фотографија: AP

Олдтајмери во Хавана. Чиста носталгија, тоа е Куба.

Убава глетка за туристите, но здодевна забрана за Кубанците кои се’ досега можеа да купуваат само автомобили кои беа произведени пред револуцијата во 1959 година. Новите правила се одамна задоцнети, сметаат мнозинството Кубанци. Особено таксистите, за кои новите возила ќе значат и поголема конкурентност, се радуваат.

„Насекаде во светот можат да се купуваат автомобили. Зошто тоа да биде поинаку кај нас? Ние мораме да одиме со текот на времето. Доколку не го правиме тоа ќе се изолираме и ќе заостанеме“, вели таксистот Фабио Брито.

Vier junge Männer schieben altes Auto in Havanna, Kuba
Фотографија: DW/Andreas Boueke

Новите правила за купување автомобили се дел од реформите, со кои шефот на државата Раул Кастро сака да ја направи поатрактивна кубанската економија.

Но купувањето нови автомобили и натаму е дозволено само за оние кои работат за државата и кои можат да платат во долари.

„Со кои пари да купам автомобил? Не заработувам доволно, за да можам тоа да си го дозволам“, вели еден граѓанин.

И така, и покрај реформите, многу Кубанци и во иднина ќе се возат со автобус.

Автор: Сандра Хавенит/Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска