1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Куба ќе ослободи три илјади затвореници

24 декември 2011

Раководството на Куба најави дека во наредните денови планира да ослободи три илјади затвореници. Меѓу нив ќе има и некои политички затвореници, но и десетици странци.

https://p.dw.com/p/13YmS
Претседателот на Куба, Раул Кастро, при годишното обраќање во парламентотФотографија: dapd

Претседалот на Куба, Раул Кастро, во обраќање до парламентот во Хавана најави дека се планира ослободување на илјадници затвореници. Амнестијата опфаќа пред се‘ затворени лица постари од 60 години, како и жени и млади лица без големо криминално досие. Помилувани ќе бидат и некои политички затвореници, како и 86 странци. Раул Кастро, брат на долгогодишниот кубански властодржец Фидел Кастро, како причини за амнестијата ги наведе посетата на папата Бенедикт Шеснаесетти која претстои наредната година, како и молбите од страна на христијанските цркви и роднините на затворениците.

Шефот на кубанската држава притоа ја потврди волјата на владата за олабавување на ограничувањата за патување на Кубанците. Реформите ќе бидат воведуван чекор по чекор, најави Раул Кастро.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/ап

Редактор: Е. М. Фиданоска