1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Културата се сели на север

1 јануари 2011

Турскиот Истанбул, германската Рурска област и унгарскиот Печуј титулата Европска престолнина на културата им ја предаваат на естонскиот Талин и финскиот Турку. Очите на Европа во 2011 ќе бидат вперени на север.

https://p.dw.com/p/zrSO
Компјутерска симулација на новиот морски музеј, што Талин го гради како европска престолнина на културатаФотографија: Tallin 2011

Турку и Талин се надеваат дека наредната година ќе привлечат повеќе туристи и подобро ќе се позиционираат на европската и светската културна карта. Програмата на Европската престолнина на културата во Талин официјално започнува на 1 јануари, додека во Турку на 15. Во двата града, во текот на целата година, ќе се одржуваат стотици најразлични културни манифестации.

Промена на имиџот

„Европската културна престолнина е една од најпрестижните европски иницијативи поврзани со културата. Таа го покажа својот потенцијал во смисла на создавање работни места, урбано заживување и креативност како и привлечност на европско ниво“ порача минатата недела еврокомесарката за образование, култура, повеќејазичност и млади, Андрула Василиу.

Turku Stadtansicht
Турку е поранешен главен град на ФинскаФотографија: Seilo Ristimäki, Iloinen Liftari Oy

Титулата Европска престолнина на културата е извонредна можност за градовите и регионите да го променат својот имиџ и има долгорочно влијание, не само во смисла на културата туку и во социјална и во економска смисла. На пример, една студија покажа дека бројот на туристи кои ги посетиле Европските културни престолнини на најмалку една ноќ се зголемил во просек за 12 насто во споредба со годината пред да ја понесат таа титула. За англискиот град Ливерпул во 2008 и за романскиот Сибиу во 2007 година таа стапка изнесувала дури 25 насто.

Коспомолитска програма

„Приказни од морскиот брег“ е насловен збирот од настани што ќе ги организираат во 2011 Турку и Талин, два пристанишни града со долга и богата историја.

Естонија и Финска се две соседни земји разделени со Финскиот Залив ,меѓутоа поврзани културно и духовно. Тие на стариот континент наредната година ќе му понудат богата космополитска програма.

Автор:СН/БГ/ хина/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска