1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Културна жетва“ во септември

29 август 2010

Бројни литературни фестивали, престижни изложби, музички манифестации и фестивал на пивото. Ова се само дел од случувањата што ќе ја збогатат културната сцена во Германија во септември.

https://p.dw.com/p/Owpv
Фотографија: BilderBox

Многу, многу литературни фестивали ....


Queen Mary II Hamburg Flash-Galerie
Големите бродови за крстарења се редовна појава на пристаништето во ХамбургФотографија: AP

Поминаа неполни двеипол години откако двајца книгоиздавачи во Хамбург погледнаа кон пристаништето, кон бродовите, кон складиштата и бројните туристи и си помислија дека ова всушност е перфектно место за меѓународен литературен фестивал. Спроведувањето на идејата следуваше многу бргу и оваа година тие веќе канат на второто издание на литературниот фестивал „Харбор фронт“. 114 автори од повеќе од 20 земји од 8 до 18 септември ќе читаат извадоци од своите дела на бродови, во складиштата или во прочуениот хамбуршки кварт Репербан.

Книжевната разновидност е важна компонента и на Меѓународниот литературен фестивал во Берлин, кој се одржува од 15 до 25 септември и годинава го слави својот десетгодишен јубилеј. И во Рурската област во септември во средиштето на вниманието ќе бидат приказните од целиот свет: На Интеркултурниот конгрес на бајките во Гелзенкирхен што ќе се одржува од 29 септември до 3 октомври, но и на најголемиот фестивал на крими-литература „Убиство на Хелвег“. Од 18 септември до 13 ноември со преку 400 литературни читања ќе бидат привлекувани љубителите на криминалните романи. Цели осум недели тука фиктивно ќе се убива, ќе се истражува и ќе се откриваат убијците. Гости на фестивалот меѓу другите ќе бидат и ѕвездите на жанрот, Хакан Несер од Шведска и Сајмон Бекет од Велика Британија.


Бетовенфест во Бон


*** ACHTUNG: Nur für Berichterstattung über das Beethovenfest verwenden *** Kulturkalender September 2010: Foyer Beethovenhalle
Фоајето на Бетовен салата во БонФотографија: Sonja Werner

Еднаш да се истакне значаен граѓанин- за тоа сонува секој град. И кога еднаш ќе му успее, тогаш се разбира, мора наголемо да се слави. Најдобро секоја година одново. Така градот Бон од 10 септември до 9 октомври и годинава повторно кани на Бетовенфест. Приказната за фестивалот не‘ враќа во времето на композиторот Франц Лист, кој бил голем почитувач на Лудвиг ван Бетовен и се разлутил поради тоа што градот Бон тогаш не можел да собере пари за споменик во чест на големиот музичар. Тоа за него било незамисливо, се погрижил да бидат собрани потребните финансиски средства. Така во 1845 година на плоштадот Минстер во Бон беше откриена статуата на Бетовен и беше одржан првиот Бетовенфест. Во годините што следеа музичкиот фестивал доживеа многу подеми и падови, меѓутоа во меѓувреме цврсто се етаблираше во културниот календар на Бон. Оваа година тој ќе се одржува под мотото: „ На отворено. Утопијата и слободата во музиката“ .

Ден на отворени споменици


Holländisches Viertel in Potsdam Flash-Galerie
Посебниот шмек на холандскиот кварт во ПотсдамФотографија: picture alliance/zb


Се’ започна во Франција . Таму во 1984 година тогашниот француски министер за надворешни работи Џек Ланг ги покани граѓаните на ден за посета на историските споменици, односно на ден на отворените споменици. Тоа беше идеја која бргу се прошири насекаде. Само неколку години подоцна Советот на Европа одлучи да воведе „ „Европски денови на наследството“, акција во која се вклучија 49 нации, меѓу нив и Германија со „Денот на отворените споменици“. Еднаш годишно во втората недела во септември историските споменици, кои инаку не се достапни за пошироката јавност, ги отвораат вратите за посетители. Во минатата година оваа можност ја искористија четирипол милиони луѓе во Германија. И бидејќи во денешно време речиси сите манифестации имаат мото, тоа не смее ни тука да недостасува. Минатата година тоа гласеше „Историски места на уживање“, а оваа година организаторите се решија за слоганот: „Култура во движење- патување, трговија и сообраќај“. Притоа можат да се посетат не само трговски куќи и складишта, туку и места на кои странските влијанија оставиле траги, како на пример холандскиот кварт во градот Потсдам.

Модерна уметност од Латинска Америка


*** ACHTUNG: Nur für Kulturkalender September 2010 verwenden *** Ausstellung Vibracion in Bonn
Едно од делата што ќе бидат изложени во БонФотографија: VG Bild-Kunst, Bonn 2010 / Foto: Oriol Tarridas

Еден сосема нов впечаток за јужноамериканскиот континент и апстрактната уметност стекна еден советник на Бонскиот музеј „Бундескунстхале“, кога пред повеќе од три години ја посети изложбата во Мајами со наслов „ Погледи на Латиноамериканската апстрактност“. Тој бил толку воодушевен, што веднаш му предложил на музејот во Бон да ја прикаже оваа изложба и во Германија. Таа ќе започне да се прикажува од 17 септември па се‘ до 30 јануари наредната година и тоа во многу соодветен термин, зашто Латинска Америка поради прославата на 200 годишнината од независноста на неколку држави привлекува многу поголемо внимание од вообичаено. Изложбата во Бон под наслов „ Вибрации. Модерна уметност од Латинска Америка“ освен тоа прикажува и дела на три еврејски уметнички во егзил кои пред нацистичкиот режим избегале во Латинска Америка: германската фотографка Грете Штерн, германската сликарка Гертруде Голдшмит и Швајцарката Мира Шендел.

Целото светско знаење во Берлин


*** ACHTUNG: Nur für Kulturkalender September verwenden *** Ausstellung Weltwissen in Berlin
„Светско знаење- 300 години наука во Берлин“Фотографија: Archiv der BBAW, Nachlass Kirch, Nr. 157, Bl. 7-8., Foto: Eberle & Eisfeld, Berlin


Што имаат заедничко математичкиот- гениј Алберт Ајнштајн, големиот универзален научник Готфрид Вилхелм Лајбниц и браќата Грим? Одговорот гласи: тие не се Берлинчани, меѓутоа еден важен дел од нивните животи минале во германската метропола. Ајнштајн во Берлин ја заокружи својата теорија на релативностаё, Лајбниц беше прв претседател на Пруската академија на науки во Берлин а браќата Грим во овој град ги напишале нивните „Приказни за германскиот јазик“.

Нивните дела во оригинал од септември можат да се погледнат во музејот во зградата „Мартин Гропиус“ во Берлин.

„Светско знаење- 300 години наука во Берлин“ е наречена изложбата која ќе се одржи од 24 септември до 9 јануари наредната година и е дел од манифестацијата Берлинска година на науката. Повод за неа се јубилеите на пет големи научни институции: Државната библиотека, клиниката „Шарите“, Академијата за науки на Берлин Бранденбург, Универзитетот Хумболд и здружението Макс Планк. На изложбата ќе бидат прикажани околу 1600 експонати , меѓу нив не само манускрипти и книги, туку и препарирани животни, алатки и модел на огромната машина за сметање, наречена „Цет 3“ предвесник на денешниот компјутер на Конрад Цузе, која за првпат им беше претставена на група научници во 1941 година.

Октоберфест во Минхен


Flash-Galerie Oktoberfest 2009
На здравје!Фотографија: AP


Се нарекува Октоберфест, почнува меѓутоа во септември. Милиони луѓе и годинава од 18 септември до 3 октомври како и секоја година ќе се слеат на минхенските ливади, за да пијат пиво, да јадат баварски специјалитети, да пејат и потоа да пијат уште пиво. Повеќето жени носат традиционални фустани со отворено деколте наречени Дирндел а мажите пантолони со трегери, се’ едно дали се од Баварија, Австралија или Јапонија. Октоберфест не е само најголемиот фестивал на пивото во светот, туку станува збор за манифестација со вековна традиција, која започнала на една трка со коњи во октомври со која била прославена свадбата на баварскиот крал Лудвиг. И со оглед дека прославата била многу забавна , било одлучено веќе во наредната година повторно да се организира таков фестивал и потоа повторно во наредната година и во наредната и т.н. Така настанал Октоберфест. Кој сака да оди таму , треба меѓутоа претходно добро да ги истренира мускулите на рацете: Имено на Октоберфест не се пие од нормални чаши туку од т.н маскригли, кои собираат еден литар пиво.

Автор: Петра Лабмек/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска