1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курдите полагаат надежи во независните кандидати

20 јули 2007

В недела Турција избира нов парламент. Би можело да се случи, владејачката АКП на премиерот Реџеп Таип Ердоан да добие апсолутно мнозинство и натаму самата да владее.

https://p.dw.com/p/BK8M
Реџеп Таип Ердоан: ќе породлжи да владее сам или ќе мора да бара коалициони партнери?Фотографија: AP

Ако не, можна е коалиција или со кемалистичката ЦХП и националистичката МХП, или пак АКП да зависи од поддршката на директните кандидати на Партијата за демократско општество, која пред се ги застапува интересите на Курдите во земјата.

Оној што патува во Јужна Анадолија, во мнозинството населена со Курди, добива поинаков впечаток од оној во Истанбул или Анкара. Зашто таму секојдневјето и натаму го доминира она што премиерот Ердоан пред три години првпат јавно го нарече „курдски проблем„: значи и натаму се чусвтвуваат трагите од граѓанската војна од деведесттите години. Од тие причини, Галип Енсариоглу, претседател на партијата на демократите во Дијарбекир како најважна цел подвлекува:

„Ова прашање мора мирољубиво да се реши и тоа не со досегашните методи. Ние сме за решение со проширување на правата и слободите. Ние сме за тоа, ова прашање да биде така решено што луѓето од овој регион ќе бидат разбрани. Ние сме за решение со повеќе слободи, за решение со повеќе работни места и стандард„.

Токму прашањето на стандардот во сиромашната Јужна Анадолија е клучот за однесувањето во изборите. Зашто многумина Курди се гледаат како губитници, ограничени од, според нив, богатите луѓе на запад од Турција. Тоа го подвлекува и Нуркан Бајзал, од ГАП, невладина организација поддржувана од Европската унија со седиште во Дијарберкир:

„Ги прашавме луѓето, а тие велат: ние сме сиромашни, зашто тие не направија сиромашни„.

Главното чувтство, според Бајзал, е проценката на многумина Курди дека се жртви. Единствената партија што е солидарна со нив е Партијата за демократско општество која се смета себе си како застапник на интересите на Курдите. Бајзал вели:

„Значи, сите овие ’жртви’ својот глас и го даваат на ДТП. Токму затоа што се чувствуваат како жртви и тоа е многу важно. Барем јас така мислам„.

Партијата на последните избори доби многу гласови. На целиот југо-исток преку 50 проценти, но на ниво на земјата 6,3 насто, па така не успеа да ја достигне границата од 10 проценти предвидена со уставот. Бидејќи партијата, нејзините противници ја третираат како демократска рака на забранетата ПКК, и овојпат мора се смета дека ќе остане под 10 проценти. Од тие причини, партијата своите кандидати во трката ги праќа како независни за кои не важи таа ограничувачка клаузула. Затоа Ајсел Туглук не настапува од името на партијата, туку официјално само за себе. Меѓутоа, во контактите со населението зборува во вообичаениот манир:

„Во оваа земја, во овој георграфски дел, се трпи голема мака„.

Ако се се довива според замислата на партијата, овојпат од југо-истокот во парламентот би можеле да влезат до 30 независни курдски кандидати. Но, и ако бидат 20, ќе добијат статус на фракција. Никакво чудо што Ајсел Туглук е оптимистички расположена:

„Владее агилна атмосфера. Уживаме големо прифаќање, но истовремено со нас се поврзуваат големи очекувања и надежи. Сето тоа не инспирира и ни го зголемува ентузијазмот. Меѓутоа, тоа пред се е голема одговорност. Нашите напори се насочени кон демократска Турција во која сите граѓани ќе можат да живеат слободно и да ја развиваат својата култура„.