1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Курдската работничка партија спровела самоубиствен напад

АМ/миа27 мај 2012

Курдската работничка партија (ПКК) ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад со автомобил бомба во централна Турција, при што загина еден полицаец.

https://p.dw.com/p/15390
Фотографија: Picture-Alliance/dpa

Турските медиуми јавуваат дека напаѓачите влегле во Турција од Сирија. Турскиот министер за внатрешни работи Наим Шахин изјави дека четворица осомничени се уапсени во врска со нападот.

Двајца напаѓачи-самоубијци активираа автомобил бомба во петокот во близина до полициска станица во градот Панарбаш, округ Кајсери, Централна Турција, при што убија еден полицаец, а 18 лица беа повредени.

Според соопштението на веб сајтот на ПКК, целта на нападот бил градот Парнабаш и е извршен како одговор на турските воени напади. ПКК ги отфрли тврдењата во турските медиуми дека цел на нападот била престолнината Анкара.