1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кучи: На Косово му се потребни само легални сили

5 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bms0

Косовскиот министер за внатрешни работи, Бљерим Кучи, изјави дека на Косово постојат легални и легитимни безбедносни сили кои се ангажираат несебично на зачувување на јавниот ред, животот и имотот на граѓаните и други безбедносни структури не се потребни. Изјавата на Кучи доаѓа како реакција на објавувањето на телевизискиот прилог за припадници на Албанската национална армија кои патролираат во близина на административниот премин меѓу Косово и Србија кај Мердаре. Српскиот претседател, Борис Тадиќ, вчера ги предупреди КФОР, УНМИК и меѓународната заедница на опасноста од пропагирање илегални терористички организации во албанските медиуми на Косово. Тадиќ смета дека е тоа нова закана со насилство и застрашување на Србите на Косово.