1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Куќи што „пливаат“

6 декември 2009

Холандија е земја на вода. Поради прекумерните количини вода постојано исчезнува дел од површината. Политичарите и луѓето што ги планираат градовите решија да не се борат против водата, туку да научат да живеат со неа.

https://p.dw.com/p/KpRm
Проектот „куќи што пливаат“ ќе може да се реализира за десет години

Холандскиот архитект Коен Олтхуис седи на работната маса во огромната просторија каде се сместени повеќе бироа, го остава мобилниот телефон на масата, и ја изговара реченицата што претставува темел на неговата работа: „Земја, која е загрозена поради многу вода, треба подобро да живее со водата, наместо постојано да се обидува да се бори против неа.“

Холандија е една од најнаселените европски земји, но и најрамната земја во Европа. Службените простории на фирмата „Вотерстудио“ во близина на Хаг се наоѓаат под морското ниво, исто како и околу една третина од вкупната површина на земјата. Пет проценти од земјиштето на Холандија пак вредните луѓе на оваа земја го откраднале од морето. За да останат суви овие подрачја, мора постојано да се пумпаат големи количества вода. Затоа одржувањето на таквото земјиште ја чини земјата неколку милијарди евра годишно. Тоа се огромни трошоци, вели Олтхуис: „Секојдневно испумпуваме толку вода, колку што користи регионот околу Токио годишно. Тоа е неверојатно количество вода.“

Архитектура на вода

Das Hochhaus De Hoftoren in Den Haag
Без брани половината од градовите како Хаг, Амстердам и Ротердам би биле поплавениФотографија: Kohn Pedersen Fox Associates

Концептот на Холанѓаните за во иднина гласи: доколку треба да и’ отстапиме повеќе место на водата, отколку до сега, тогаш треба да се искористи водената површина за изградба на куќи и станови. Во близина на Хаг има државно-приватен проект против мочуриштата наречен „Хет ниво вотер“ каде наскоро треба да се изградат 1.200 нови згради. Меѓу нив ќе има и луксузен апартман, што ќе плива на вода. За сега се’уште не може да се види ништо од ова. Се гледа само 2,5 километри долга, каллива ливада со неколку куќи за живеење, бавчи под стакленици и едно вештачко езеро. Замислата на архитектите и инженерите ќе стане реалност за десет години.

Прво ќе се гради, а потоа ќе се поплават некои предели, објаснува инженерот Паул ван Цундерт, кој ќе биде задолжен за тоа соседите да немаат проблеми кога ќе почне да се гради. „Најголемиот предизвик е да се пушти водата да тече во накај зградите, а притоа никој да нема проблеми со тоа.“

Соседите не се воодушевени од начинот како ќе се одвива работата. Вредноста на користење на новоградбите може од стопанска гледна точка да стане конкуренција, бидејќи мора голем број вештачки езера на околу 80 хектари земјиште да се отстранат за да се направи место за водата. Ова пак, треба да ги штити околните вештачки езера од поплави. „Двојно искористување на површината е новитетот во овој проект. Уште од порано имаме изградено резервоар за вода, но тој е без дополнителни функции.“

Водата како површина за градење

Архитектот Коен Олтхуис сака исто така заедно со неговата жена и трите мали деца да се пресели да живее во поплавените мочуришта. Семејните куќи овде не се ништо поскапи од конвенционалните куќи за живеење, вели тој: „Луѓето не сакаат да дадат ниту едно евро повеќе за да живеат на вода. Единствен пат за да се постапи исправно е куќите што пливаат да чинат исто толку, колку становите и куќите на копно.“

Во зависност од опремата што се користи во изградбата, куќа што плива во Холандија чини повеќе стотици илјади евра. Но, не смее да се мешаат традиционалните куќи-бродови со новата генерација пливачки куќи. Коен Олтуис планира изградба на платформи со куќи во ред, улици и зелени паркови. Платформите што ќе пливаат со струја ќе се снабдуваат преку флексибилни цевки, а ќе бидат приклучени и на градската канализација. Ваква слична техника се применува и на нафтените платформи што се наоѓаат среде океанот. Но, на овие платформи нема да се градат само куќи. Од странство постојано пристигаат специјални барања, вели архитектот Коен: „Полиња, паркови и ливади за голф што пливаат се идеите што пристигаат.“

Интерес за ваков проект има и во странство

Dubai Jebel Ali Marina
Во Дубаи ќе се гради џамија што ќе се движи на водаФотографија: picture alliance/Rainer Hackenberg

Одговорните од градот Сеул во Јужна Кореа се заинтересирасни за изградба на парк што плива во центарот на градот. На копно нема место за изградба на ваков парк, но затоа пак има можност за изградба врз реката што тече низ градот. Во моментов подготвуваме план за изградба на џамија што ќе се движи на вода во Дубаи. До џамијата ќе може да се дојде само со брод и ќе биде направена така да одговара на климатските услови во земјата: „Станува збор за долготраен објект. Ние ќе пумпаме морска вода да тече низ ѕидовите на зградата и на тој начин ќе ја спуштиме температурата од 50 на 30 степени целзиусови. На тој начин се штеди многу енергија. “

Автор: Сузане Хен / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска