1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

КФОР нема да дозволи насилство на Косово

15 февруари 2007

Генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Шефер во разговорите со косовските власти предупреди дека нема да се толерира никакво насилство

https://p.dw.com/p/AbzD
Јаап де Хоп Шефер
Јаап де Хоп ШеферФотографија: AP

"КФОР нема да дозволи насилства на Косово" изјави предмалку во Приштина првиот човек на НАТО Јаап де Хоп Шефер по разговорите со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Агим Чеку Воочи патувањето тој изјави:

“Ќе нагласам повторно дека КФОР е тука за да ги штити малцинствата и мнозинското население во покраината. Ќе разговарам со сите, не само заради тоа што НАТО е дел од политичкиот процес, туку дека Алијансата и КФОР играат многу важна улога“

Шефер повторно нагласи дека НАТО го поддржува планот на специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари и додаде оти се надева дека процесот ќе заврши што е можно побргу. Шефер го осудува насилството за време на демонстрациите на здружението Самоопределување минатата сабота во Приштина и предупреди дека тоа не е вистинскиот начин за решавање на проблемот:

“ Никој во Белград или Приштина нека нема илузии дека насилството ќе му помогне на процесот. Заеднички интерес е предлогот на Марти Ахтисари да го сватиме многу сериозно и НАТО тоа и го прави. Процесот е во надлежност на Марти Ахтисари и на страните во преговорите“

Во рамки на престојот во Приштина Шефер разговараше и со шефот на УНМИК Јоахим Рикер и командантот на силите на КФОР Роланд Катер. Шефер најави дека наскоро ќе го посети и Белград