1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

КФОР: Нема никаква можност за воено решение за северно Косово

СН/ЖА/танјуг/мф/бета23 јули 2013

Командантот на КФОР, Фолкер Халбауер изјави дека за северниот дел на Косово нема да има никакво воено решение и оцени дека таквата можност е исклучена.

https://p.dw.com/p/19CFY
Фотографија: Nato

Германскиот генерал кој командува со меѓународните трупи на Косово , Фолкер Халбауер (насловна фотографија) во интервју за денешното издание на српскиот весник „Вечерње новости“ порача дека за северниот дел на Косово нема да има воено решение, односно дека ваквиот начин на решавање на проблемот е исклучен и оти се бара политичко решение на проблемите, за кое постои подготвеност кај сите страни

Халбауер порачал дека КФОР ќе реагира доколку се наруши безбедноста на Косово, потоа дека соработката со началникот на српскиот Генералштаб, Љубиша Диковиќ е добра, и дека доколку албанската војска сака да влезе на Косово, за ова ќе мора да добие согласност од КФОР.

Командантот сегашната ситуација на Косово и Метохија ја оценил како „мирна и стабилна“, но со исклучок на северот, каде што истата е „мирна, но тензична“.

„КФОР нема да се меша во политичките процеси и спроведувањето на редот и законот за кои се задолжени косовската полиција и Еулекс, но ќе стапиме во акција доколку се наруши безбедноста. За оваа мисија располагаме со доста средства и персонал. Нашата цел е да создадеме безбедносни предуслови за да може политичкиот процес да продолжи“, нагласил германскиот командант.

Во однос на договорот за соработка помеѓу „двете војски“ на Косово и Албанија, тој потенцирал дека ова не е новост и дека ова со ова ќе се

постигне целта на усовршување и дообучување, но предупредил дека доколку албанската војска сака да влезе на Косово, тогаш по Резолуцијата 1244, претходна согласност мора да добие од КФОР.