1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лавров за односите на Русија со ЕУ

3 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BCD6

Русија ќе покаже упорност, доследност и трпение во изградбата на односите со ЕУ, но нема да прави суштински отстапки во однос на надворешната политика, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Во авторски напис во московска „Известија“, Лавров оценува дека на Западот сега се води негативна политика кон развојот на односите меѓу Русија и ЕУ. Новиот договор меѓу Брисел и Москва за соработка не е постигнат, поради блокадата на Полска.