1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лагард избегна истрага за случајот Тапи

АТ/ афп/ ртр/ дпа25 мај 2013

Финансиската афера околу поранешниот косопственик на „Адидас“ Тапи ја вовлече во истрагата и поранешната француска министерка Кристин Лагард. Против шефицата на ММФ меѓутоа нема да се води истрага.

https://p.dw.com/p/18ds4
Фотографија: Reuters

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе биде поштедена од истражна постапка на француските правосудни органи поради обвинувањето за помош при проневера на јавни средства. Истражниот судија донесе одлука, по дводневното сосолушвање, на поранешната француска министетка за стопанство и финансии Кристин Лагард да и' додели статус на „надгледуван сведок“. Тоа значи дека иако имало индиции за учество во казнено дело, тие не биле доволни за да се подигне обвинителна постапка.

Одлуката на судот во Франција има двоен статус меѓу обвинет и сведок. Со тоа не е исклучена можноста, Судот на Републиката, кој ја води истрагата подоцна да отвори формална истражна постапка против Лагард.

За текот на сослушувањето истражните органи не изнесоа детали. Лагард пред новинарите во Париз рече дека новиот статус не е изненадување за неа. Таа постојано делувала во интерес на државата и во согласност со законите. „Време е повторно да заминам во Вашингтон на работа“, најави Французинката која стои на чело на ММФ. Таа секако ќе ги информира надлежните тела во оваа меѓународна организација. Монетарниот фонд, кој претходно ја поддржа својата шефица, реагираше со олеснување.

Лагард не ја обжали одлуката за обештетување на Тапи

Во аферата се работи за спорните државни уплати за обештетување на Бернард Тапи. Овој бизнисмен и мнозински акционер во германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ во 1993 година го продаде својот удел на група инвеститори, во која тогаш учествувала и државната банка Кредит Лионес. Тапи, кој наредната година пријави приванта инсолвентност ја обвини банката дека при продажбата на неговиот удел во „Адидас“ измамила и поднесе обвинение за обештетување.

За да ја заврши дологодишната правна постапка меѓу француската држава и Тапи, Лагард како министерка а финансии под порашениот претседател Никола Саркози во 2007 година поведе арбитражна постапка која заврши со обештедување на Тапи од 285 милиони евра со камати на околу 400 милиони евра.

Спорно е повикувањето на арбитражен судија како и одлуката на Лагард да не поднесе приговор на вонсудската спогодба, и покрај тоа што експертите советувале на тоа. Од август 2011 година против Лагард се води истрага меѓу другото поради  „помош за проневера на јавни средства“. Лагард тогаш ја бранеше својата одлука за арбитражниот судија како „најдобро решение“.