1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лагард: Светската економија е пред се‘ поголеми проблеми

ЕМФ/ртр6 јули 2012

Светската економија паѓа во се‘ поголеми проблеми, оценува шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.

https://p.dw.com/p/15Six
Фотографија: dapd

Ситуацијата во светската економија е влошена во последните месеци, изјави денеска (06.07) шефицата на ММФ Кристин Лагард во Токио. Конјуктурните податоци од големите индустриски земји, но и од земјите во подем, се влошени. Затоа ММФ проценува дека економскиот пораст ќе се намали и ги корегира прогнозите веќе за тековниов месец. ММФ треба да ги објави прогнозите на средината на јули.

Во април прогнозата за пораст беше минимално зголемена, во споредба со прогнозата дадена во јануари, и тоа 3,5 наспроти претходните 3,3 проценти. За 2013 година ММФ прогнозира плус од 4,1 процент во првата половина на годината.

Песимистичките изјави на Лагард доаѓаат по олабавувањето на монетарната политика во еврозоната, Велика Британија и Кина, што се гледа како знак за растечката вознемиреност околу глобалниот развој на конјуктурата. Освен тоа, денеска вознемирувачки сигнали доаѓаат и од Азија - кинеската трговија се бори за остварување на својата цел за пораст, а Јапонија има финансиски проблеми поради политичките блокади во земјата.