1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лагард сослушана за финансиска афера

ЖА/дв/миа23 мај 2013

Шефицата на ММФ Кристин Лагард се наоѓа во визирот на француското правосудство. Таа мораше да даде исказ во врска со финансиска афера од времето кога беше министер за финансии во Франција.

https://p.dw.com/p/18cc5
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поранешната француска министерка за финансии и актуелна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард денеска е на сослушување во судот во Париз каде ја бранеше својата одлука од 2007. да употреби приватна и скапа арбитража за решение за спорот со Бернард Тапи околу продажбата на „Адидас“.

Сведочењето на Лагард пред Судот на правдата може да трае до утре бидејќи таа се соочува со можно покренување обвинение за „соучество во фалсификување и проневера на јавни фондови“, пишува француски „Експрес“.

Таа е обвинета дека имала финансиска корист од исплатата, а самата Лагард демантираше дека направила „нешто лошо во иницирање на арбитражната постапка за обештетување на Тапи“.

Тапи ја тужеше француската банка „Кредит Лионес“, делумно во државна сопственост, бидејќи во 1993. и 1994. година без негово знаење, фирмата „Адидас“ е продадена на Роберт Лој-Драјфус.