1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лажел ли Џејмс Мардок во скандалот со прислушување?

10 ноември 2011

Поради скандалот со прислушување на булеварскиот весник „Њус оф д Ворлд“, Џејмс Мардок, синот на медиумскиот магнат Руперт Мардок, мораше уште еднаш да сведочи пред комитетот за истрага во британскиот парламент.

https://p.dw.com/p/138Fd
Џејмс Мардок тврди дека не знаел за прислушувањето што компанијата на неговиот татко го правела со годиниФотографија: picture alliance/dpa

Мардок Јуниор денеска (10.11) во британскиот парламент тврдеше дека не бил информиран во 2008-ма година за широко распространетото лошо работење на „Њус оф д Ворлд“.

„Некакви сомнежи за широко распространето лошо работење - ништо од тоа не ми било споменато на мене“, рече Мардок пред комисијата во британскиот парламент.

Претходните вакви искази беа ставени под знак прашање. Тоа го доведе Мардок јуниор во ситуација да се чувствува непријатно. Што тој навистина, како шеф за европски работи во медиумската корпорација, знаел за скандалот со „Њус оф д Ворлд“? И, најмногу од се’ - од кога? Тоа сакаа да го дознаат членовите на комисијата од него денеска.

Zeitungsstand mit Zeitung News of the World
Британските парламентарци се сомневаат во вистинитоста на претходните искази, со кои Мардок тврдеше дека не е дел од сканалот на „Њус оф д Ворлд“Фотографија: picture-alliance/dpa

Овој пат 38 годишниот Џејмс Мардок беше оставен сам на себе. Тој го преживеа испрашувањето без својот татко, за разлика од првото испрашување летово, во кое администрацијата долго време ги испрашуваше Мардокови и кое не донесе ништо.

„Ова е најпонижувачкиот ден во мојот живот“, изјави Руперт Мардок во јули. Со тоа тој не можеше да ги смири пратениците и неговиот син да го задржи слободен од повторно испрашување.

Сомнежи дека Мардок Јуниор дава лажни одговори пред британските пратеници

Членовите на комисијата имаат сомнеж дека Мардок Јуниор ги лажел летово, дека не бил толку незапознаен, како што се однесувал за време на сослушувањето. Конкретно се работи за електронски допис, т.н. имејл „За Невил“. Пораката треба да биде доказ дека нелегалната пракса за прислушување од страна на „Њус оф д Ворлд“ била широко распространета и дека не само еден новинар, како што се смета, снимал телефони на познати личности, политичари и жртви на злосторства. Клучното прашање е кога Џејмс Мардок го добил тој мејл? За тоа Мардок беше прашан веќе во јуни.

„Сте го виделе ли имејлот „За Невил“ или дали сте биле свесни за него?“, праша еден од членовите на комисијата.

„Не, тогаш не знаев ништо“, одговори Џејмс Мардок.

Кратко потоа следуваше изјавата на поранешен вработен во британската издавачка куќа на Мардок. Поранешниот главен уредник на „Њус оф д Ворлд“, како и поранешниот главен адвокат на куќата тврдеа: Џејмс Мардок многу добро знаеше за имејлот, дури уште од пролетта 2008-ма година.

David Cameron Parlament Abhörskandal News of the World Murdoch
Британскиот премиер Дејвид Камерон е под притисок со скандалот со медиумската корпорација на МардокФотографија: picture alliance/dpa

„Ако изјавите на двајцата се точни, тогаш тоа покажува дека Џејмс Мардок знаел многу рано за телефонското хакирање на пораките и оти се воздржувал да иницира спроведување на внатрешна истрага. Тоа ќе го го поткопа сведоштвото на неговиот татко, Руперт Мардок, кој нам ни‘ кажа дека компанијата се водела од политиката на нулта толеранција за криминалот“, рече тогаш пратеникот Том Вотсон.

Не без причина и британскиот премиер, Дејвид Камерон беше прашан пред новото сослушување, бидејќи и самиот се наоѓа под притисок со аферата.

„Џејмс Мардок мора јасно да одговори некои прашања во Парламентот. А, ’Њус Интернешнал’ има се’ уште некои работи да расчисти“, порача британскиот премиер Дејвид Камерон.

Автор: Стефан Лохнер/ Александар Методијев/ АП

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска