1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лажни надежи за радикален нов почеток на Куба?

Миријам Герке2 август 2006

70 проценти од Кубанците се родени по револуцијата, тие си ја знаат својата земја само со Кастро и си ја сакаат – и покрај Кастро

https://p.dw.com/p/Adz4
Фидел и Раул Кастро
Фидел и Раул КастроФотографија: AP

Фидел Кастро се опоравува од тешката операција: неговата состојба е стабилна, се вели во официјалното соопштение, кое наводно потекнува од самиот кубански лидер. Откако беше емитувана веста за неговата болест, поради која по цели 47 години привремено му ја препушти власта на својот помлад брат Раул, во светот се шпекулира: каде ќе се насочи Куба ако остане без својот „максимо лидер“?

„Јас умирам речиси секој ден - тоа ми причинува задоволство и само ме прави поздрав“ велеше кубанскиот претседател пред една недела кога новинарите му се обратија во врска со најновите гласини за неговата наводна смрт. Неговите непријатели – кубанските бегалци во Мајами, американската влада во Вашингтон и кубанските домашни дисиденти, со години чекаат на „биолошкото решение“: и шефот на држава со најдолг стаж и најстар револуционер на светот кој уште е на функцијата не е бесмртен.

Но, фактот дека дури неговата смрт би отворила пат за нов почеток на Куба покажува дека и по 47 години од преземањето на власта и 15 години по крајот на студената војнја и распадот на Советскиот Сојуз, режимот седи „поцврсто во седлото“ отколку што неговите критичари сметаа за можно.

И самите надежи за радикален нов почеток на Куба би можеле да се покажат како лажни. Во фонот на општото свртување на Латинска Америка в лево, кубанскиот режим веќе не е изолиран и повторно води политички дијалог: во последните години Уругвај и Аргентина ги обновија дипломатските односи со Куба, а пред само неколку недели Кастро како гостин учествуваше на самитот на Меркосур-државите во Аргентина.

Нема што да се разубавува: на Куба владее тоталитарен режим. Според организациите за човекови права преку 300 дисиденти се политички затвореници. Стопанската ситуација во карипската држава е мизерна, Кубанците само преку корупција и подмитување можат да ги задоволат своите секојдневни потреби. Туризмот како главен извор на девизи доведе до двокласно општество, што ја сведе на апсурд социјалистичката идеја. Широко е распространето шпионирањето на сопственото население – револуцијата има најдлабока недоверба спрема сопствениот народ. Така погледнато, режимот на Кастро одамна го пропушти моментот за повлекување со сите почести.

Во една регуларна преодна фаза во новата ера би можеле барем да бидат пренесени многу од социјалните постигнувања. Дури и спрема режимот критички настроената кубанска „Комисија за човекови права и национално помирување“ ги фали за латинско-американски околности вистински единствените социјални придобивки: благодарение на добрата медицинска грижа, на Куба има најдолг просечен животен век и најниска стапка на смртност кај децата во Латинска Америка.

Иако кај Кубанците расте незадоволството од се’ поголемата репресија и заострените стопански проблеми, тие во никој случај не сакаат како „зрела крушка“ да паднат во скутот на САД или на кубанските бегалци. Колку и да се чини несоодветна споредбата, ама Ирачаните по соборувањето на Садам Хусеин не ги пречекаа и не ги славеја американските војници како ослободители.

Дозволено е уште едно укажување: по падот на Берлинскиот ѕид и крајот на ГДР, во новите сојузни покраини пламна бран на носталгија: некогашните источногермански граѓани не сакаа да бидат убедувани од западните Германци, тие 40 години живееја на страната на историските губитници. 70 проценти од Кубанците се родени по револуцијата, тие си ја знаат својата земја само со Кастро и си ја сакаат – и покрај Кастро. За ерата по Фидел и Раул никој не би требало да го потцени тоа.