1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лап-топ место тетратка и учебник?

16 март 2010

Виртуелен амфитеатар, дигитална училница, доквалификација во секое време и на секое место на светот - големи се очекувањата од можностите на електронското учење или „е-учење“.

https://p.dw.com/p/MU6n
Електронско учење од почеток: студенти на Универзитетот во МагдебургФотографија: picture-alliance/dpa

„Сметам дека во иднина во училиштата ќе бидат укинати книгите, таблите, тетратките и дека учениците ќе имаат свои лап-топ компјутери, дека училиштата ќе добијат електронски табли, т.е. смартбордови наместо обични табли, дека учењето ќе биде целосно електронски базирано. Така секој ученик ќе може да го користи материјалот за учење и дома и на училиште на лап-топ и не ќе мора постојано да влечка на пример книги и тетратки со себе,“ вели Мартин, ученик од 11-ти клас.

Тој има среќа, бидејќи во неговото училиште, гимназијата Хелдерлин во Келн-Милхајм, неговата замисла за прекрасен свет на учење на иднината не е само сон, туку набрзо ќе стане и реалност. Бидејќи училиштето, како пилот-проект за Келн, изработило „целосен медиумски концепт“. „Учениците треба да бидат оспособени за работа со лап-топ компјутер по нивните предмети, за применување програми наменети за одредени предмети, за истражување по интернет за одредени задачи, за правење и држење презентации во пауер-поинт како реферати, и притоа за логично и компетентно користење на програмава. Треба и да ги познаваат и опасностите, да можат секојдневно да се служат и логично да ги користат лап-топ комјутерите“, појаснува експертот Тајмунг Хик.

Сеопфатна наставна програма

Од петти клас ќе се вежба користењето на новите медиуми, а во седми клас ќе има дополнителна настава за користење тастатура и програма. Повисоките класови од 2011 година ќе работат со нивните нови лап-топ компјутери. „Лап-топ компјутерот и програмите не треба да бидат замена за шестарот и моливот. Нагласивме дека освен за стручните предмети децата ќе учат со обичниот прибор исто како и до сега, но дури подоцна на пример кога се знае, како се црта крива, кога се знае како се објаснува крива, дека многу е побрзо и поедноставно со компјутерска програма да се решат комлпицираните задачи на наставата, се штеди на време и работите може оптички полесно да се престават. Проблем е тоа што некои деца учат визуелно, други имаат друг начин на учење и можат да се обидат да учат и да откриваат нови области на учењето.“

Skepsis gegenüber dem E-Learning
Кога треба да се почне со учење на компјутер?Фотографија: PA/dpa

Активна улога на учениците

Е-учење не значи „ставање знаење со инка“, имено преку екс-катедра предавања, на кои ученикот има пасивна улога. Напротив, кажува Тилман Окс, ополномоштеник за е-учење на Филозофскиот факултет при Универзитетот Келн. „Пристапот кон учењето, кој ќе се менува е она што учењето ќе се движи повеќе во насока, во која учениците како продуценти ќе бидат дел од процесот на учење. Тие самите ќе учат поинтензивно и со тоа ќе стекнуваат знаење.“

Onlinestudiengang Photovoltaik an der Universität Freiburg
Го поттикнува и заедничкото учење: студенти на Универзитетот во ФрајбургФотографија: DW

Во Келн за тоа е создадена платформата за учење „Илијас“, за која во иднина како придружен дел на секое предавање ќе има дополнителнен курс по е-учење. „Во рамките на овие курсеви по е-учење можеме на учениците да им подготвиме материјали и да им дадеме можност за меѓусебна комуникација и комуникација со наставниците. Тоа конкретно значи дека во рамките на овие виртуелни курсеви, на пример, можеме да им ставиме на располагање на учениците документи со тон, слики, филмови. Учениците ја имаат и можноста, самите да прикачуваат прилози на платформата за учење и да им ги ставаат на располагање на другите ученици и така заедно да стекнуваат знаење.“

Ангажман и на фирмите

Исто така и претпријатијата во своите понуди за наобразба и понатамошно учење нудат се' повеќе можности за „мешано учење“, значи мешавина од присуство на настава и учење дома на компјутер. Главната организација на Германската занаетчиска комора и на Индустриската и трговска комора создадоа онлајн академии, во кои се нудат целосни курсеви. Но, за сега од ваквиот вид учење не се очекува премногу. Користењето на дигиталното учење се смета за дополнителна понуда. Раководителот на одделот за доквалификација на Индустриската и трговска комора во Келн, Грегор Бергхаузен: „Е-учењето има голема улога, особено во собирањето теоретско знаење. Тоа сигурно на многу места е замена за екс-катедра предавањата, но педагошките методи што се користат при е-учењето се ориентираат според модерните педагошки норми, т.е. има обиди во содржините однапред да се интегрига повеќе пракса за да се долови работниот процес. Секако тоа е само симулација на реалниот работен процес. Тоа зависи од ситуацијата на ученикот, имено ако учи дома, тогаш тоа не може да се спореди со ситуацијата во некое претпријатие.“

Symbolbild Internet Bewerbung Jobsuche
Ќе ни стане ли универзален придружник? Портабл компјутерот или лап-топФотографија: Picture-Alliance / KPA/ Hochheimer

Автор: Ева Марија Гец/Ана Стојиловска

Редактор: Александра Трајковска