1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Латвијците не сакаат руски јазик

19 февруари 2012

Граѓаните на Латвија на референдум со големо мнозинство го отфрлија воведувањето на рускиот јазик како втор официјален во земјата.

https://p.dw.com/p/145ZE
Фотографија: dapd

Со 74,8 проценти Латвијците се изјаснија против воведувањето на рускиот јазик како официјален во нивната земја, а 24,9 проценти ја поддржале таа можност, соопшти Изборната комисија. На референдумот што се одржа вчера излегоа 70,5 насто од граѓаните со право на глас, значително повеќе отколку на парламентраните избори во септември-50 проценти. Повеќе од една третина од жителите на поранешната Советска република инаку се етнички Руси. Граѓански комитет на руското малцинство сакаше преку референдумот да се избори за рамноправност на рускиот јазик во Латвија.

Претседателот на државата Андрис Берцинс го поздрави резултатот на референдумот, тој, како и центристичко-десната влада, се залагаа во Латвија да остане официјален само латвискиот јазик.

Lettland Riga Kirche
Латвискиот главен град РигаФотографија: picture-alliance/RIA Novosti

Водачот на опозицијата и градоначалник на главниот град Рига, Нилс Усаковс, напротив беше поборник на промена на уставот.

Повторното воведување на рускиот јазик како официјален во земјата, според аналитичарите, многумина Латвијци болно ги потсетува на советската окупација на Балтичката држава. Поранешните властодршци го потиснувале латвискиот јазик и во земјата доселиле голем број Руси. На крајот на советското време, во 1991-ва година, во Латвија само малку повеќе од половина од населението беа етнички Латвијци. Речиси 300 илјади од сегашните околу два милиони жители до денес немаат латвиско државјанство, иако порано биле советски државјани. На референдумот тие немаа право на глас.

Автор: ЖА/СН/дпа/дв/кна

Редактор: Симе Недевски