Летни музички фестивали во Европа

Илјадници луѓе во текот на летото патуваат низ Европа, следејќи ги звуците на музиката. Без оглед дали е тоа хеви метал, рок, поп, џез или класична музика - важно е заедничкото уживање!

Егзит во Србија, Гластонбери во Велика Британија, Монтре во Швајцарија или Верона во Италија се само дел од низата музички фестивали кои ги мамат вљубениците во музиката. Илјадници луѓе во текот на летото патуваат низ Европа, следејќи ги звуците на музиката. Без оглед дали е тоа хеви метал, рок, поп, џез или класична музика - важно е заедничкото уживање!  

Избор на дел од летните музички уживања кои стојат на располагање, во следната фотогалерија: 

Летни фестивали во Европа

Егзит, Србија

Егзит е еден од најдобрите музички фестивали од средна големина. Се одржува кај Петроварадинската тврдина во Нови Сад, почнувајќи од 2000. година и обично трае четири дена, оваа година од 5. до 9. јули. Околу повеќе бини со електронска, рок, поп и панк музика, кај живописната тврдина од 18. век, на ритчето над Дунав, се собираат околу 200.000 посетители.

Летни фестивали во Европа

Ден на музиката

Бесплатно и на отворено - тоа е мотото на Денот на музиката кој секогаш се одржува на првиот ден од летото - 21. јуни. Во преку 500 градови ширум светот аматерски музичари и професионалци ја инспирираат својата публика на бесплатни концерти. Идејата е родена во Париз во 1982. година.

Летни фестивали во Европа

Гластонбери, Велика Британија

Си била некогаш една фарма во близина на градот Гластонбери - сѐ до 1970. година. Тогаш 1.500 гледачи првпат за влезница од една фунта (вклучувајќи и беплатно млеко), ги слушале меѓу другите и Марк Болан и Ел Стјуарт. Последните години, во последниот викенд од јуни, Гластонбери го посетуваат околу 130.000 луѓе. Тоа е еден од најголемите музички фестивали во светот под ведро небо.

Летни фестивали во Европа

Роскилде, Данска

Тоа е европски фестивал со срце, зашто го организираат доброволци и целиот приход оди во добротворни организации. Во Роскилде (24.06-01.07) доаѓаат млади успешни уметници, познати (на фотографијата: First Aid Kit, 2015) како и мега-ѕвезди од музичкиот бизнис, како Ролинг стоунси и сер Пол Макартни.

Летни фестивали во Европа

Монтре, Швајцарија

Женевското Езеро е кулисата за еден од најпознатите џез-фестивали во светот. Оваа година ќе се одржи по 51. пат, од 30.06 до 15.07. Покрај џез-великани како Бил Фрисел и Џон Скофилд, можат да се чујат музичари од поп, соул и етно музика. Една од ѕвездите годинава е Том Џонс.

Летни фестивали во Европа

Норт Си, Холандија

Најголемиот џез-фестивал во светот кој се одржува во затворен простор (7-9. јули) е вистински култ. Со месеци однапред се распродадени сите 75.000 влезници. Во концертната дворана Ахој во Ротердам се настапува на 14 бини и тоа и до пет групи една по друга. Оваа година се најавени Гледис Најт, Ван Морисон, Емели Санде (на фотографијата) и Херби Хенкок.

Летни фестивали во Европа

Верона, Италија

Поранешниот амфитеатар-арена во Верона е светски познат по оперски претстави на отворено. Ова место посебно го прослави Вердиевата опера „Аида“. Фестивалот се одржува веќе од 1913. година, а годинава почнува на 23. јуни и трае до крајот на август.

Летни фестивали во Европа

Промс, Велика Британија

Серијата концерти се одржува од јули до септември во Лондон. Тоа е најголем фестивал на класична музика во светот. Завршниот концерт во Алберт Хол стана култ, влезниците секогаш брзо се распродаваат. Поради тоа, концертот истовремено може да се следи на голем екран и во Хајд Парк.

Летни фестивали во Европа

Шлезвиг-Холштајн, Германија

Во јули и во август, фестивалот на класична музика ја претвора северната германска покраина во огромна концертна бина. Концертите се одржуваат во текот на пет викенди во градини и паркови, имоти и дворци. По традиција, првиот концерт се одржува на имотот Штокзехоф (на фотографијата). Основан во 1986. година, фестивалот стана еден од најпознатите на класична музика во светот.

Поврзана содржина

Следете нѐ