1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либиските бунтовници во голема контра-офанзива

Zana Aceska27 март 2011

Со сојузничките авиони како воздушен штит, либиските бунтовници освојуваат градови и напредуваат кон Триполи. По Аџдабија, синоќа падна и стратешки важното нафтено пристаниште Брега, а востаниците продолжуваат кон запад.

https://p.dw.com/p/10i9Z
Фотографија: picture-alliance/dpa/EPA

Либиските бунтовници презедоа голема офанзива против силите лојални на Моамер Гадафи и успеаја да ја повратат контролата врз два важни града на истокот на земјата. Првите големи победи од почетокот на воздушната кампања на западните сојузници, бунтовниците ги забележаа во градовите Аџдабија и Брега, кои сега повторно се под нивна контрола. Во нивни раце падна и градот Ал Бишер, како и Рас Лануф.

Воената мисија на сојузниците е во полн налет, откако во текот на вчерашниот ден биле изведени повеќе од 160 мисиии над либиската територија.

Паралелно со воените судири, во полн ек е и пропагандната војна која ја водат претставниците на двете страни. Портпаролот на режимот на Гадафи во Триполи, изјави дека во текот на ноќта сојузниците бомбардирале цивилни и воени цели на патот меѓу градовите Аџдабија и Сирте, и дека голем број цивили загинале во акцијата.

Од друга страна, американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс излезе со тврдење дека силите на Гадафи поставуваат трупови на претходно убиени луѓе на местата во кои е извршен напад од коалициските сили, за да можат да го обвинат Западот за нивната смрт.

Krieg in Libyen Flash-Galerie
Фотографија: AP

Бунтовниците не сакаат надворешни сили

На западот на земјата, трупите на Гадафи ја продолжуваат опсадата врз градот Мисрата, кој се‘ уште е под контрола на бунтовниците. Во текот на ноќта сојузничките авиони извршиле повеќе напади врз силите на Гадафи со цел да го спречат нивното напредување. Во пристаништето на Мисрата се очекува и пристигнувањето на хуманитарен брод-болница, кој придружуван од бродови на НАТО пристигнува од Малта.

Лидерот на опозицискиот Либиски национален совет Махмуд Џибрил во писмо до францускиот претседател Никола Саркози се заблагодари за поддршката, но инсистира дека странската помош понатаму нема да биде потребна.


„Либискиот народ ве гледа како ослободители и нивната благодарност ќе биде вечна. Но ние не сакаме надворешни сили. Ќе победиме во првата битка благодарение на вашата поддршка, но следната битка ќе ја извојуваме со сопствени сили“, порачува Џибрил во писмото.

Автор: БГ/афп

Редактор: Жана Ацеска