1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

„Хала Мадрид“ и „Форца Јуве“

ЕМФ
3 јуни 2017

Кому ќе му припадне пехарот? Реал Мадрид и Јувентус вечерва играат во финалето на Лигата на шампиони. Првите се надеваат на одбрана на титулата, вторите на „трипл“.

https://p.dw.com/p/2e4t2
Cricket England - Bangladesch - ICC Champions Trophy
Фотографија: Getty Images/J. Mansfield

Навивачите на двата големи клуба се надеваат дека ќе слават освојување на фудбалската круна. Тие во Кардиф почнаа да се собираат од вчера и имаат големи очекувања.

„Треба да победиме, нема друго. Трофејот мора да дојде повторно во Шпанија, кај Реал Мадрид“, вели Хозе Пикало, а Ману Балестерос додава:

„Очекуваме голем натпревар и победа на Реал Мадрид, затоа што сме негови фанови. Но, пред сѐ очекуваме голема игра и голем трофеј за Реал Мадрид.“

Проценката на Алдо Веронели од Милано, пак, гласи: „Ќе биде тешко за Јуве, Реал е силен, многу силен. Но,никогаш не се знае. Напред Јуве!“

Кој ќе биде подобар?