1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерската средба во Јасен со амбициозна агенда

21 јануари 2011

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Јасен, во околината на Скопје, одржува средба со лидерите на најрелевантните партии. Експертите не очекуваат спектакуларни резултати од средбата со богат дневен ред.

https://p.dw.com/p/100aA
Ѓорге ИвановФотографија: Macedonian Information Agency

Втората лидерска средба што македонскиот претседател Иванов ја организира во резерватот Јасен на 40 километри од главниот град Скопје има амбициозна агенда. На дневниот ред на разговорите на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДУИ, Али Ахмети и на Нова Демократија, Имер Селмани се значајни прашања од надворешната и внатрешната политика.

Според најавите во Јасен се разговара за интеграцијата на Македонија во Европската Унија и НАТО, спорот со името, обврските што произлегуваат од извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата, претстојниот попис, како и за двата јубилеј – 20-годишнината од независноста на Македонија и 10-годишнината од рамковниот договор.

Menduh Taci von DPA, Mazedonien
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи ја одни поканата за учество на средбата во ЈасенФотографија: Petar Stojanovski

Експертите не очекуваат спектакуларни решенија

Лидерската средба ќе се одржи непосредно пред состанокот на медијаторот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, закажан за 9-ти февруари во Њујорк.Наспроти недоамнешната јавна изјава на претседателот Иванов дека не е далеку денот за решавање на спорот со Грција, главниот уредник на неделникот Форум Атанас Кировски за Дојче Веле оценува дека македонската дипломатија е свесна оти мора да излезе од филмот на лошото момче во оваа приказна и да покаже некаква конструктивност.„ Но јас не очекувам некакви спектакуларни решенија, дотолку повеќе што и тајмингот не му одговара на грчкиот премиер сега да се решава спорот за името “, вели Кировски според кого политичко-партискиот анимозитет меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и личната нетрпеливост помеѓу Груевски и Црвенковски се толку длабоки што е неверојатно да се постигне внатрешен конзенсус околу можното решение за името.

И пописот во фокус

Лидерите во Јасен ќе се соочат и со разлики во албанскиот блок околу претстојниот попис. Опозициската Нова Демократија инсистира на евиденција на целокупната емиграција, што е комплициран процес што би го одложил пописот на определено време.Владината ДУИ пак застана зад проектот за одржување на пописот во април. На средбата иако поканет не присуствува лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Автор: АЧ/СН/миа/макфакс

Редактор: Симе Недевски