1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерска средба во Скопје -без конкретен резултат

19 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BsWD

Во Скопје денеска се одржа нова средба на лидерите на поголемите политички партии застапени во македонскиот парламент на која продолжи усогласувањето околу судските реформи во Македонија. Ставовите на политичките партии во врска со прашањата за законот за Јавно обвинителство и деловникот за работа на Собранието се многу различни- изјави по средбата лидерот на Демократската унија за интеграција , Али Ахмети. Ставот на ДУИ но и на владејачката Демократска Партија на Албанците бил дека нема да прифатат промени во Деловникот за работа на Собранието доколку не се постигне согласност за законот за јазиците. Денешниот состанок беше одржан на инцијатива на премиерот Груевски Последната ваква средба беше одржана на 20 септември.