1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерска средба во Скопје

26 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3S1

Политичките лидери од власта и опозицијата во Македонија, на средба во Скопје го разгледуваат предлогот за закон за јавен обвинител. Средбата е продолжение на минатонеделните разговори на кои беше постигната начелна согласност за деблокирање на судките реформи. Партиските лидери треба да се договорат и околу конечниот состав на Републичкиот судски совет во кој треба да се именуваат уште пет членови, тројца по предлог на собранието, а двајца по предлог на претседателот на државата.