1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерска средба во Скопје

Александар Чомовски 31 октомври 2007

Во Скопје се направи нов обид на лидерите на политичките партии да дојдат до договор и заедничко решение за Законот за јавно обвинителство и новиот собраниски деловник.

https://p.dw.com/p/BzkO
Средба на шефовите на партиитеФотографија: Macedonian Information Agency

Дали во идниот парламетарен деловник да се набројат сите закони што ќе се донесуваат и менуваат според Бадентеровото, двојно етничко мнозинство? Како да се дебатира за законите? Дали расправата да се ограничи на десетина минути за поефикасно усвојување на реформските закони? Оваа одредба најверојатно ќе важи од следниот парламентарен состав, што ја задоволува опозицијата која со власта сега ги разгледува меѓу другото и техничките прашања околу идниот парламентарен деловник, но во чиј епицентар се очигледните разлики околу употребата на албанскиот јазик, во парламентраните расправи.

Шефот на ДУИ не присуствуваше на средбата

На денешната дебата отсуствуваше шефот на ДУИ, Али Ахмети, затоа што партијата инистсираше во денешната агенда да бидат вклучени и законот за користење на албанскиот јазик, што е прв услов за усвојување на идниот деловник и негово официјализирање, но исто така и да се разговара за правата на поранешните припадници на ОНА.

Преписката Груевски – Ахмети во последните 24 часови не го принуди шефот на ДУИ да се појави на денешната средба. Тоа е политичка мимикрија велат од врвот на Интегративците.

„ Не бегаме од ниту една тема, и тоа им го соопштивме, меѓутоа тие не дојдоа денеска, и незанеме зошто не дојдоа. Значи ако кажат дека не дошле заради тоа што не им се допаѓа дневнит ред, одговорот е дека ние веднаш им испративме одговор дека подготвени сме да прифатиме секоај точка на дневен ред, што е зрела за прифаќање што ќе ја предложи некоја од страните учесници од четирите политички партии.“ коментираше премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Делумно приближување на ставовите за Законот за јавни обвинители

Околу законот за јавни обвиниетели, работните групи на ВМРО и СДСМ само делумно ги доближија ставовите, иако опозицијата и натаму инсистира, при големата смена на обвинителите, нивниот Совет да ја оценува работата на кандидатите кои ќе се номинираат за реизбор.

Спорот и натаму настапува околу употребата и официијалнизирање на албанскиот јазик во претседавањето со Парламентот и негова употреба во Собранието.

Имер Алију од ДПА истакнува „Од ДПА оценуваме дека не е добро тоа што опозицијата го прави во моментов, а тоа е блокада при донесуавње на новиот деловник, посебно од страна на опозицијата, која како што се изјасни и денеска е протви секаква употреба на албанскиот јазик во Собранието“

Радмила Шеќеринска од СДСМ пак со став „Полесно да постигнеме компромис околу деловникот, а ова прашање заедно генерално со употребата на албански јазик во Собрание и други сектори да се реши со еден закон, на кој ќе му посветиме малку повеќе време меѓутоа да ги договориме сите елементи, а не да се расправаме на секои два месеци за некоја нова тема.“ Шеќеринска уште оцени дека коалициските партнери ВМРОД ДПМНЕ и ДПА и меѓусебе имаат разлики околу употребата на албанскиот јазик во Парламентот.

Фуере на разговори со партиските лидери

Обидот да се деблокира застојот во реформите на судствотот, да се интензивира политичкиот дијалог, се случува по синоќешната средба на ЕУ амбасадорот Ерван Фуере со Шеќеринска, Ахмети и Тачи на кој се презентирани критичките забелешки на ЕУ за состојбите во Макеоднија.

За безбедносниот аспект, поландевно заседава Националниот Совет кај претседателот Црвенковски. Зачестија и инцидентите и информациите во јавноста за раздвиженоста на униформирано криминални групи на македонско – косовската граница и околината на Тетово. Повод Советот за безбедноста да ја преоцени стабилноста на Македонија од аспект на регионот и решавањето на косовското прашање.