1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерска средба за измени на уставот

11 март 2010

Лидерите на поголемите парламентарни партии денеска (11.03.2010), на иницијатива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, разговараа за предлогот за уставните измени во делот на Судскиот совет.

https://p.dw.com/p/MPlE
Фотографија: Petr Stojanovski

Лидерската средба на која лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски побара од Владата конкретни решенија и амандмани за промена на Уставот, со кои би се менувале статусот и надлежностите на Републичкиот судски совет, заврши експресно. Премиерот Никола Груевски дал согласност дека таков амандман ќе и‘ биде предложен на опозицијата, при што лидерот на ВМРО ДПМНЕ посочи дека од Нова демократија се иницирани и покомплексни уставни промени околу применатата на албанскитот јазик. Се бара тој да биде паралелен официјален со македонскиот јазик и да има примена на Бадентеровиот принцип во одлуките на Уставниот суд.

Инаку, власта претходно најави дека, што се однесува до барањата за промени во делот на Судскиот совет, освен зголемувањето на бројот на судиите во Советот што ќе бидат избрани од редот на судиите, министерот за правда да не биде член на Советот, ќе се предложи и намалување на мандатот на членовите на Судскиот совет, што сега изнесува шест години, како и зајакнување на критериумите за избор на судии. Целта е да се зајакне независноста на судскиот систем и да се зголеми неговата ефикасност.

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека се подготвени да разговараат за секој предлог што ќе дојде од сериозен и релевантен извор, но оти сега би сакале концентрацијата да биде насочена кон овие предлози.

Лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Бранко Црвенковски, пред лидерската средба предупреди дека какво било отворање на Уставот и негови измени претставува ризик од отварање на „Пандорината кутија“, односно ќе поттикне предлози за измени и на други делови од основниот државен акт.

Автор: АЧ/ЕМФ/миа

Редактор: Александра Трајковска