1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерски средби во Собранието по вчерашниот инцидент

26 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bjwo

Во македонското собрание денеска се одвиваат средби меѓу политичките лидери во земјата во врска со вчерашните немили настани во и околу македонското Собрание. Премиерто Никола Груевски имал средба со претседателот на парламентот Љубиша георгиевски и лидерот на ДПА Мендух Тачи а одржува состанок и со лидерите на опозициските СДСМ и ЛДП Радмила Шекеринска и Јован Манасиевски . Предходно Манасиевски побара оставка од Љубиша Георгиевски . И тој и Шеќеринска го обвинија претседателот на Собранието дека подолго време лошо раководи со парламентот што предизвикало тензична состојба . Се очекува на разговорите во Собранието да се приклучи и лидерот на ДУИ Али Ахмети. На барање на Груевски попладнево тој треба да се сретне со американскиот амбасадор Џилијен Милованович и евроамбасадорот Ерван Фуере за да ги информира за вчерашните настани.