1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Линцер торта

11 декември 2008

Велат дека Линцер тортата (на германски, Linzer Тorte) е најстарата торта на светот. Прв пат се појавува во 1653 година во една книга за готвење, а уште во римското кралство се знаело за торта што имала сличен состав.

https://p.dw.com/p/GA8W
Линцер тортата е единствена по вкусот и по изгледотФотографија: picture-alliance/dpa/Stockfood

Kaко и кај сите рецепти и за овој постојат многу варијанти. Суштината останува иста. Линцер тортата секогаш се состои од тесто со многу мелени лешници. На тестото се мачка мармалад од црни рибизли, а украсот го сочинува „решетка" од тесто на врвот и по страните.

Состојки:

о 350 грама брашно

о 350 гр презли

о 350 гр шеќер

о 300 гр маргарин

о 300 гр мелени лешници или бадеми

о 3 јајца

о 3 лажици рум

о 1 прашок за печиво

о (изрендана) кора од лимон

о мармалад

Подготовка

Состојките, освен мармаладот, се ставаат во голем сад и од нив се замесува тесто. Намачкајте го калапот за торта со путер, посипете го со брашно и ставете половина од тестото.

Тестото премачкајте го со мармалад. Преостанатиот дел од тестото истенчете го со сукалка и исечете го на тенки ленти. Од тенките ленти направете решетка на тортата, по должина и широчина.

Печете 30 минути на 180° Целзиусови степени. Извадете го колачот од рерната и премачкајте го со изматеното јајце. Вратете го во рерната и печете уште десет минути.

Добар апетит!