1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон бара ослободување на британските маринци

28 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJU

Велика Британија ќе ги замрзне официјалните односи со Иран доколку не биде решен случајот со 15 уапсени британски маринци, предупреди министерот за надворешни работи Маргарет Бекет. Премиерот Тони Блер предупреди на поостар настап, ако војниците не бидат наскоро на слобода, но сепак и дава предност на дипломатијата. Иранските власти соопштија дека британската амбасада во Техеран ќе може да ги посети морнарите кои беа уапсени од страна на иранските власти, откако ќе заврши првичната истрага.