1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон - една година по терористичките напади

7 јули 2006

Веднаш по атентатите во Лондон од 7 јули 2005-та во цела Велика Британија почна гигантска акција на полицијата.

https://p.dw.com/p/Ae0L
Британските истражни органи веднаш по атентатите во Лондон
Британските истражни органи веднаш по атентатите во ЛондонФотографија: AP

Уште истиот ден истражните органи им влегоа во трагата на атентаторите самоубијци. Тие најдоа делови од документи на напаѓачите, според кои открија дека станува збор за млади муслимански со британско државјанство. Тројца беа од доселенички семејства од Пакистан, а едниот од Јамајка.

Во големата акција до сега се сослушани 13.000 лица, собрани 30.000 доказни предмети и пречешлани 6.000 часови видео снимки од камери за надзор на јавните простори. И покрај тоа остануваат неразјаснети повеќе важни прашања:

„Во центарот на нашата истрага се наоѓа прашањето, дали имало луѓе кои знаеле за подготвките на нападите или дури им помагале на атентаторите, на пример при изработката на експлозивните направи„ – вели шефот на Лондонската анти-терористичка служба Питер Кларк.

За двајца од атентаторите се знае дека патувале за Пакистан, но не се знае дали таму имале контакт со терористичката мрежа на Ал Каеда и дали минале обука во нејзините кампови за тренинг. На тајната служба МИ5 тие веќе и‘ биле познати, но службениците не сфатиле на време колкава опасност може да произлезе од овие млади луѓе.

„Теркот по кој домашните терористички мрежи функционираат не е потполно разјаснет. Проблем беше и тоа што владите не издвојуваа доволно пари за безбедност. Тие мислат дека непријателот е негде во странство и испраќаат војници таму. При тоа би можеле да ја загубиме војната на сопствена територија„ – нагласува експертката за тероризам Сели Лејвесли.

Во меѓувреме британската влада издвојува многу повеќе средства за борбата против тероризмот, фактички како никогаш порано. Но, тоа не ја подобри вкупната безбедносна ситуација, а веројатноста од нови атентати е голема, смета Питер Кларк:

„Многу од сомнителните лица се Британци и тие се подготвени да извршат напади врз сопствените сограѓани. Она што особено загрижува е фактот што толку многу од нив се млади.„

Британските служби за безбедност проценуваат дека станува збор за 1.200 вакви лица. А проблемот е во тоа што опстојуваат причините за ваквата радикализација, имено војната во Ирак, блиско-источниот конфликт и растечкото отуѓување на некои млади муслимани од британското општество.