1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лорд Хатон го ослободи Тони Блер од вина за смртта на Дејвид Кели

28 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AcQN
Во Лондон судијата Брајан Хатон денеска го поднесе долго очекуваниот извештај за самоубиството на високиот владин британски советник за воени прашања Дејвид Кели,експерт за ирачко оружје,кој гласи поволно за премиерот Тони Блер-неговата влада не сноси никаква вина за самоубиството на експертот.Кели беше пронајден мртов откако неговото име беше објавено како извор на новинарски извештај на ББС,во кој британската влада беше критикувана на пумпање на разузнавачките информации во пропагандни цели.Многумина прогнозираа дека од денешниот извештај може да зависи и политичката судбина на британскиот премиер Тони Блер.

Лордот Брајан Хатон го ослободи британскиот премиер Тони Блер и од обвинувањата дека ја презголемувал опасноста од ирачкото оружје за масовно уништување.Префрлувањата се недокажани,смета Хатон.Но,британскиот премиер Тони Блер диретно учествувал во дискусиите во врска со експертот за оружје Дејвид Кели.Блер и други членови на владата директно расправале како би требало да се реагира на споменувањето на името на Дејвид Кели како извор на спорниот извештај на ББС,во кој на британската влада и беше префрлено преувеличување на опасноста од оружјето за масовно уништување, кое го поседувал наводно Садам Хусеин,со што пак беше оправдувана британската поддршка на војната во Ирак.

Судијата лорд Брајан Хатон,кој ја истражува смртта на високиот владин советник, во својот извештај тврди: - Уверен сум дека доктор Кели самиот си го одзел животот пресекувајќи ги вените,и испивајќи преголема доза таблети,уверен сум дека трето лице не е замешано во смртта на Кели.Сметам за важно да го подвлечам моето убедување-никое од лицата чии дела и одлуки подоцна ќе ги опишам бе можеле да помислат дека доктор Кели може да си го одземе животот.

Со тоа Хатон одговори на гласините кои цело време беа во оптек,дека можеби и не се работеше за самоубиство на експертот за оружје на владата, кој почина откако неговото име излезе во јавноста како извор на информациите за преувеличувањето на опасноста од ирачкото оружје од страна на владата во Даунинг стрит. Лордот Хатон затоа упати остри критики на сметка на Министерството за одбрана,од каде протекоа информациите,на самиот Кели и на ББС.

Дејвид Кели од страна на новинарот на ББС Ендрју Гилиган беше наведен како извор на информациите во неговиот новинарски извештај за можните манипулации на британската влада со разузнавачките информации во врска со ирачкото оружје.

Вдовицата на Дејвид Кели особено силно го обвини британскиот министер за одбрана Џефри Хун дека со протекувањето на информацијата го ставиле нејзиниот маж под силен притисок поради што тој на крајот си го одзеде животот.

По презентирањето на извештајот на Хатон,британскиот премиер Тони Блер денеска во Долниот дом на Парлементот изрази неверојатна благодарност за извештајот,кого рече дека во целост го прифаќа како јасен документ кој не дава можност за интерпретации.