1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лошо за државниците, добро за демократијата

Мартин Муно
2 јануари 2018

Од почетокот на годинава во Германија повеќе на важи членот 103 од Кривичниот законик. Ткн. одредба за „навреда на величеството“ веќе нема посебно да ги штити странските државници. Добро е што е така, пишува Мартин Муно

https://p.dw.com/p/2qChd
BdT Ausstellung zu Gesten im Industriemuseum Chemnitz
Фотографија: pictur- alliance/dpa/H. Schmidt

Во демократијата би требало сите да се еднакви пред законот. Во Германија тоа се тврди во првиот став на третиот член на Основниот закон. Но, во законската џунгла некои сепак беа поеднакви од другите- на пример во членот 103 од Кривичниот закон кој го дефинира „навредувањето на органи и претставници на странски држави“. Тоа се темели на старата одредба за „навреда на величеството“ од 1871 година.
Доколку некој биде осуден за навреда на „претставник на странска држава“ може да заглави во затвор до пет години. Ако го навредите првиот сосед, ќе платите казна или- а тоа е апсолутен исклучок- може да завршите во затвор до една година. Но, зошто навредата упатена кон шефот на некоја држава би се третирала поинаку од навредата упатена кон било кој граѓанин?

Повеќе на темата: 

Пресудата за навреда на Ердоган не е правосилна

Бемерман го победи Ердоган


Но, со почетокот на новата година овај закон и официјално е укинат- конечно! Причината е аферата околу „навредливата песна“ на сатиричарот Јан Бемерман која толку го погоди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган па тој бараше да се отвори процес против Бемерман по членот 103. 
Странскиот моќник кого многу сонародници го критикуваат поради ригидното газење на медиумите, правосудството и опозицијата во Германија имаше силно правно средство да ги замолкне неистомислениците. Тоа наиде на одбивање ширум германскиот политички спектар, па Бундестагот уште во јуни одлучи да ја избрише таа одредба од Кривичниот закон.
Тоа требаше да се случи уште многу порано. Бидејќи во правосудната историја на Сојузна Република Германија членот 103 повеќе пати играше злогласна улога, на пример при критиките кон персискиот шах или чилеанскиот диктатор Пиноче. Беше скандал тоа што германското правосудство ги штитеше двајцата крвници од демонстрантите и новинарите. Така первертираа улогите на сторителите и жртвите.
Врз основа на овој закон државното обвинителство повеќе пати превентивно отвораше истраги. На пример, кога беше отворен Саемот на индустрија во Хановер 2013 година, а активистка на Фемен со голи гради истрча пред Владимир Путин. На градите ѝ пишуваше „Fuck Dictator“. 

Kommentarbild Muno Martin
Мартин Муно
Proteste gegen Putin Hannover Messe
Протест на активистка на Фемен против Владимир Путин во Хановер.Фотографија: Getty Images


Или кога десет години претходно еден месар од Марбург поради војната во Ирак го нарече тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш „очигледно луд и крволочен“. Во обата случаи, како и во многу други, истрагите се водеа иако „навредените“ политичари тоа не го бараа.
Членот 103 преживеа од ерата на благородништвото и од време на време го правеше германското правосудство продолжена рака на дикатори. Добро е што замина во историјата.