1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лошо организирани избори - лош сигнал

Александар Чомовски22 јуни 2006

Лошо организиарани и така оценети избори се еднакви на лош сигнал во Брисел. Многумина експерти во Македонија велат дека почетните насилства за време на кампањата се закануваат да ја влошат и безбедносната состојба.

https://p.dw.com/p/AddO

По серијалот жестоки меѓупартиски конфронтации во албанскиот електорат во изминатите 24 часови инцидентите се намалени. Договорот и гранациите што партиските лидери на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Арбен Џафери го постигнаа под притисок на меѓународната заедница, како да навестува сепак жестока вербална но безбедносна постабилна изборна кампања. „Јас се надевам дека ние ќе одговориме, позитивно, односно ќе ги земеме во предвид апелите на ЕУ да се вразумиме во овој поглед и моите очекувања, значи сеуште е рано да дадеме некоја оценка, бидејќи се изминати само неколку дена. Оценката би ја дале на крајот на изборната кампања, но моите очекувања се дека би имале интересна кампања. Тоа значи дека би имале различни понуди но исто така и кампањата зависи од тоа каква агенда ќе имаме, кој ќе ја наметне таа агенда и колку таа агенда ќе биде присутна. Таа агенда би можеле да ја наметнат самите политички партии, кандидатите како поединци и медиумите“ коментира д - р Антот Јован Ананиев од институтот за политички и правни истражувања во Скопје.

Досегашните изборни искуства покажуваат дека креатори или контролори на кампањата сепак се партиските штабови, вели Лазар Еленовски од Евро – атланскиот клуб „Ние мора да покажеме демократска зрелост. Пред се ги повикавме партиските елити да се соочат со можните проблеми, имајќи предвид искустовото од претходните циклуси на различните избори во Македонија, дека главните проблеми доаѓаа од изборните штабови.“

Многу економски, правни и безбедносни експерти се пратенички кандидати или партиска логистика во кампањата. Во ова предизборје во Макеоднија, повеќето универзитетски професори се воздржани и ретки се нивните јавни изкажувања, написи, критики или рецензии за понудените изборни програми.

Почетните и масовни насилства, притисокот на дипломатите врз партиските лидери да ја почитуваат изборната камња и особено кодексот за фер избори, сепак не ги остави незаинтересирани и дел од експертите. Директорот на ново – формираниот Балакански совет за безбедност д-р Благоја Марковски оценува „На овие инциденти треба да се гледа не како причини произлезени од престојните избори. Ова е последица на една негативна политика во врска со безбедноста во Република Македонија или неводење сметка за она што може да ни се случи. Од тој аспект ние многу сериозно си ја влошивме ситуацијата во смисла на мислењето за една безбедосна приказна во Република Македонија.“

Лошо организиараните избори би можеле да ги замрзнат и македонските евро – атлански аспирации но и позитивниот одглас од Брисел.