1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лувр треба да заживее запуштен регион

Вивиен Радермахер / Зоран Јордановски20 јануари 2013

Во Ланс, на северот од Франција, нема ниту кино, но од почетокот на декември таму се наоѓа првиот изложбен простор на Лувр надвор од Париз. Музејот треба да привлече туристи и да ја помогне локалната економија.

https://p.dw.com/p/17626
Фотографија: Philippe Huguen/AFP/Getty Images

Со минатото како товар, очекувањата за иднината се големи. Контрастот во однос на најпрочуениот музеј на светот, париски Лувр, е огромен. Транспарентноста овде, во Лувр во градот Ланс, треба да придонесе за да се надминат стравувањата. Ќе успее ли работата?

Тери Капилез никогаш досега не бил во Лувр. Овој ѕидар воопшто нема отидено подалеку од својот регион.

Frankreich Francois Hollande Aurelie Filippetti Gemälde La Liberte Guidant le Peuple
На отворањето на Лувр во Ленс присуствуваше и францускиот претседател Франсоа ОландФотографија: Reuters

„Културата не ми е многу блиска. Пријателката ме наговори - денес е отворањето, премиерата. Тоа сепак мора да го искористам“, обасни ѕидарот Тери Капилез за одлуката да го посети првиот изложбен простор на Лувр надвор од Париз.

Во Галеријата на времето, како што и се нарекува, нема преградни ѕидови, нема соби што се надоврзуваат. Има само острови на уметноста - за Египќаните, Грците, за уметноста низ векови и преку границите на државите.

Со отвореноста на архитектурата Лувр Ланс е речиси јавно место. Една година влезот во Галеријата на времето ќе биде бесплатен и во таа година ќе може да се види прочуената слика за револуцијата „Слободата на народот“ од Де ла Кроа. Потоа таа ќе биде вратена во матичниот музеј во Париз.

Жан Луј Ернест, поранешен железнички работник, и сопругата Антоанет сега веќе не мораат да одат во Париз за еднаш да видат слика од Рембрант.

„Се’ е чудесно. Сите слики, а и како се прикажани овде“, вели Антоанет.

„Многу ли е поинаку отколку во други музеи?“, прашува новинарката.

„Да, сосем прекрасно. Никогаш не би помислил дека ќе биде вака, неповторливо“, ги пренесува впечатоците и Жан Луј Ернест.

„За луѓето овде не е само по себе разбирлива идејата да одат в музеј. Ние сакавме да го промениме тоа, да им покажеме каков може да биде еден музеј, да ги примиме и да се надеваме дека повторно ќе дојдат. И, мислам дека успеавме“, убеден е Ксавие Дектот, директор на музејот Лувр Ланс

Louvre Museum
Лувр во ПаризФотографија: DW

Но, идејата е со слики од Леонардо да Винчи и со други атракции да се привлечат и туристи. Тоа би требало да му даде економски полет на запуштениот регион. Непосреден контакт со уметноста, без пречки и огради - Тери Капилез е фасциниран:

„Каква убавина! Што велите вие? Јас би рекол - тргнувајте сите кон Ланс!“