1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луговој обвинет за убиство на Литвиниенко

22 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnwZ

Поранешниот КГБ агент Андреј Луговој официјално е обвинет за убиство на поранешниот руски шпион Александар Литвиниенко, соопшти денеска британското обвинителство. Лондон бара и негова екстрадиција од Русија. Според неофицијални руски извори, Москва најверојатно нема да го стори тоа бидејќи рускиот Устав не дозволува екстрадиција на руски граѓани. Луговој беше последниот кој имал контакт со Литвиниенко во хотел во Лондон пред да биде отруен со радиоактивен полониум, од кој подоцна почина.