1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луксузен хотел за кучиња

Петра Нојбауер / Елизабета Милошевска Фиданоска31 јули 2012

Специјална храна, велнес-третмани, соба со поглед на градина - се‘ за околу 120 евра по ден. Кучињата во луксузниот хотел во Фрајзинг, кај Минхен, се гости од висока категорија.

https://p.dw.com/p/15erF
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кучешки живот? Во никој случај!

Во „Канис Ресорт“ во Фрајзинг, кај Минхен, четвороножците имаат сместување со сопствена градина. Ноќевање со полн пансион и нега од страна на дог-ситер чини до 120 евра. Михаела Келер, дог-ситерка, вели:

„Најубавото во оваа работа е што од кучето се добива фидбек за добро завршената работа, директно и нелицемерно.“

Гостите во хотелот патуваат во автобус. Ема и Дејзи се постојани муштерии, затоа и при пријавувањето во хотелот оди многу бргу.

„Многу е важно да имаат важечка вакцинација, тоа секогаш го проверуваме во картонот за вакцинации на кучињата и кога се работи за нови муштерии прашуваме што точно јадат кучињата, во кое време, колку кучињата се погодни за чување“, нагласува Фридерике Брих, вработена на рецепцијата на хотелот.

Ексклузивна услуга - еден негувател на две кучиња. Во хотелот веќе чека храна за добредојде.

Hundehütten Canis Resort
„Канис Ресорт“ во Фрајзинг, кај МинхенФотографија: Canis Resort

Џек Расел и неговата сопственичка Сабине Штекле се првпат во хотелот за кучиња. Високата цена често не игра никаква улога.

„Важно е тој добро да биде згрижен, да имам чувство дека без грижа на совест може да отпатувам на одмор“, нагласува Сабине Штекле.

По обиколката на хотелот, може да се почне со одморот. За среќа кучето одлично се разбира со другите гости и веднаш склучува пријателство.

Околу 12 часот е ручек. За секое куче храната е посебно приготвена. Се разбира, притоа се почитуваат специјалните желби, како био-храна или диетална храна. Дог-ситерката Сандра Бокштет објаснува:

„И кај кучињата има многу што се алергични и мора да внимаваме многу на тоа со што ги храниме.“

Luxushundehotel Canis Resort
Гостите имаат луксузен третманФотографија: Canis Resort

Крем од портокал за териер. Во велнес-просториите јазовичарот Виски добива третман за убавина од негувателката Сандра. Цената изнесува 60 евра, вклучително и масажа на цело тело.

Symbolbild Königskrone
Кучињата се кралеви во хотелотФотографија: Fotolia/Antje Lindert-Rottke

Половина час подоцна Виски е исфениран, исчешлан и мириса на портокал.

Постојаната гостинка Дејзи пак, во својата соба очекува велнес-третман од терапевтот Анете Пелцер:

„Дејзи често има болки и затегнатост во вратот и грбот, кои ги отстранувам со масажа, специјална мускулна масажа.“

Само мал број од околу шесте милиони сопственици на кучиња во Германија можат да им понудат на своите четвороножци ваков луксуз. Но хотелот и онака има место за само 45 ексклузивни гости.