1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луксузни говеда во Шлезвиг Холштајн

Силке Вунш/БГ26 ноември 2013

Уживањето во вкусот на месото на јапонските Вагју-говеда е можност која малкумина ја имаат. Не само што се ретки, туку овие говеда се и многу скапи. За да се добие екстра квалитет од нивното месо потребен е голем труд.

https://p.dw.com/p/1AFAg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Она што земјоделецот Рудигер Маркард од Шлезвиг Холштајн го подготвува е специјална велнес-програма за неговите говеда. Највисоко на хит-листата на неговата стока: Сајмон и Гарфанкел.

Во вакви моменти шталата станува концертна сала во која животните се опуштаат со пригодни звуци. Како што им прилега за најскапите говеда во светот: јапонските вагју.

Рудигер Маркард, одгледувач на Вагју, вели:

„Музиката служи за опуштање на говедата, за ПХ-вредноста на месото да не биде многу висока. Вториот чекор е масажата која се прави со четки. Секое животно се чувствува убаво кога ќе му го исчеткате крзното“.

Опуштањето со музика и масажите го подобруваат квалитетот на месото. Токму тоа е улогата на шталата на Рудигер Маркард. Вагју-стековите важат за особено редок деликатес. Речиси три години животните добиваат луксузен третман, а дури потоа се колат. Севкупно во Германија има само 400 вагју говеда.

Месото од вагју важи за најмеко и најдобро во светот. Причината за тоа е што животните не доживуваат никаков стрес. Филето со неговите карактеристични масни краеви се смета за чист луксуз. Кај Рудигер Маркард еден килограм чини 600 евра. Најмногу е на цена кај гурманите и врните готвачи.

Рудигер Маркард мора самиот да го зголемува своето стадо. Дополнителни говеда не можат да се купуваат затоа што Јапонија го забрани извозот на говедата и на нивното семе. Оплодените крави сега се неговиот најголем капитал. Земјоделецот не сака да се преориентира кон масовно производство, туку сака со вагју говедата да ја продолжи 300-годишната традиција на неговиот семеен имот.