1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лустигер и Лустинже - судбини од Аушвиц

27 јануари 2005

Едниот е Евреин и историчар од Франкфурт, другиот исто така е Евреин, но конвертирал во католик, па во 1983 –та стана кардинал во Париз. На вчерашнта комеморација по повод ослободувањето на Аушвиц , двајцата, Арно Лустигер И Жан Мари Лустинже, кои инаку се роднини , имаа важна улога . Седумдесет годишниот Лустинже го застапуваше папата на комеморацијата во Аушвиц, а осумдесетгодишниот Лустигер во германскио

https://p.dw.com/p/AcHp
Цвеќе за жртвите од Аушвиц
Цвеќе за жртвите од АушвицФотографија: AP

т Бундестаг предупреди на делувањето на неонацистите.

,, Кога пред повеќе од 50 години ја основав Еврејската заедница во Франкфурт, ни на сон не ми паѓаше дека нашите синагоги и домовите на заедницата и денес, 50 години потоа, мора да бидат чувани од полицијата,, рече пред германските пратеници Арно Лустигер, кој преживеал повеќе конценрациони логори. Роден е во Бендцин, во западна Полска, каде што живееле 23 илјади Евреи, пред се занаетчии, трговци и работници. Религијата не била важна во семејството, иако Лустигерови ја почитувале традицијата и ги славеле верските праѕници. Окупацијата на германските сили на 2 септември 1939- та година предизвикала раздор во нивната култура. Лустигер се криел, се приклучил на движењето за отпор, бил уапсен и префрлен во концентрационен логор. Преживеал 4 години во логорите во Сосновиец, Отмут, Аушвиц и Бухенвалд. Успеал да побегне во 1945-та , а крајот на војната го дочекал како певедувач за американските вооружени сили. Не успеал да се иссели од САД, бидјќи американската администрација тоа не му го дозволила. Се преселил во Франкфурт, таму основал фирма за текстил и учествувал во обновата на еврејската општина. Од самоук се раѕвил во признат историчар, а пред 11 години ја објави книгата ,, Мојата борба за живот и смрт, околу отпорот на Евреите во периодот од 1933 до 1945 година,,. Лустигер е противник на мислењето дека Евреите сами им се предавале на нацисите, како ,, овци за колење,, како што некои тврдеа.

За разлика од него, неговиот роднина Жан мари Лустинже, имал поинаква судбина. ,, Евеј како Исус, Полјак како Папата и Французин како сите, во 70-те пишувал во весникот ,, Ле кроа”. Кардиналот Лустинже е роден во семејство на трговци со џемпери. Во 1936 та по пат на размена на ученици дошол во Хајделберг. По враќањето во францускиот интернат конвертирал во католици, студирал теологија и во 1940 е крстен во катедралата во Орлеан, на што се спротиставиле неговите родиели. Раните на Аушвиц во неговото семејство останале тешко залечени. Повеќе пати по војната како свештеник доаѓал службено и секогаш ја чусвтвувал тежината на минатото. Денес, како француски кардинал, Жан Мари Лустинже , поради своето потекло е претставник на папата во еврејско католичките преговори.