1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мадрид – состојба

12 март 2004
https://p.dw.com/p/AcPA
Демонстрации против атентатите
Демонстрации против атентатитеФотографија: AP

Билансот на најстрашните атентати во досегашната шпанска историја за сега изнесува 192 загинати и околу 1500 повредени, од кои 44 се уште се наоѓаат во животна опасност. Додека истрагата се одвива со највисок интензитет и полицијата има и први индиции за можните сторители, во Шпанија е прекината предизборната кампања за неделните парламентарни избори и прогласена е тридневна национална жалост.

“Ова е наједноставно речено масакр, најголемиот што сме го доживеале овде во Мадрид и воопшто во цела Шпанија“ - вели една минувачка во близината на главната железничка станица на Мадрид.

“Шокиран сум од размерите на овој атентат. Такво нешто до сега немало во Шпанија“ - додава еден друг минувач.

Уште 500 нивни сограѓани се наоѓаат во болниците на Мадрид, од нив 44 се уште се борат за животот. Судската медицина во главниот град се уште не може да идентификува 84 жртви. Полицијата успеа да демонтира уште една бомба, спакувана во патна торба. Таа се наоѓала меѓу големиот број куфери и други патни торби собрани во полициска станица по атентатите. Била случајно откриена, бидејќи во неа ѕвонел мобилен телефон, кој како што утврди полицијата, требало да ја активира бомбата. За среќа направата не функционирала.

Истражните органи следат повеќе траги околу можните организатори на серијата атентати. Портпаролот на владата Едуардо Заплана изјави дека писмото со кое одговорноста ја презема Ал Каеда не е уверливо. Освен тоа не е во стилот на оваа терористичка мрежа веднаш да је преземе одговорноста, туку таа тоа го прави многу подоцна. Портпаорлот Заплана исто така катергорично ги демнатираше информациите дека една од експлозиите била причинета од атентатор самубиец. Меѓу жртвите нема ниту едно лице од муслиманско потекло, додаде Заплана. Тој уште потсети на податокот дека двајца осомничени членмови на ЕТА биле уапсени на 29. Февруари недалеку од Мадрид со мал автомобил транспортер во кој превезувале 500 кг екплозив. Кај нив биле пронајдени и географски карти од регионот во кој се случија експлозиите.

За шпанската влада како главен осомничен значи и понатаму останува баскиската терористичка организација ЕТА.

“Атентатите го носат потписот на баскиската терористичка група ЕТА. Долгогодишните искуства со постапувањето на оваа група, како и информациите со кои располага Министерството за внатрешни работи водат кон таквиот заклучок“ - посочи шефот на шпанската дипломатија Ана Паласио.