1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Мажите умираат од Ковид-19 почесто отколку жените

ЖА / дпа
23 јуни 2020

Мажите заболуваат во потешка форма и почесто умираат од коронавирус отколку жените, според податоци на Истражувачката иницијатива Глобално здравје 50/50 од преку 20 земји и бројките од Институтот Роберт Кох од Германија.

https://p.dw.com/p/3eBZJ
Deutschland München Coronavirus Intensivpflege
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel

Според извештајот на Институтот Роберт Кох од Берлин од 21 јуни, во речиси сите старосни групи мажите умирале најмалку двојно повеќе отколку жените: кај оние на возраст меѓу 20 и 29 години од девет починати, шест биле мажи. Во старосната група од 60 до 69 години - од 845 мртви 624 биле мажи, а во онаа од 70 до 79 години- од 1998 починати, 1343 се од машки пол. Во поодминатата возраст – меѓу 90 и 99 години стапката на смртност имала обратен тренд, од 1618 починати, само 556 биле мажи, но можеби единствено поради тоа има повеќе жени на оваа возраст отколку мажи, жените се подолговечни.

Повеќе:

Зошто мажите почесто заболуваат од Ковид-19 од жените

Коронавирус: Зошто повеќе страдаат мажите и дебелите луѓе?

Коронавирус: Заштитете ги постарите!

Во однос на причините за просечната повисока смртност на мажите заболени од коронавирус, во Институтот Роберт Кох истакнуваат дека има мноштво отворени прашања. Научниците засега нудат само теории. Фактор може да биде нездравиот начин на живот, велат експертите. Особено мажите од постарата генерација, која е посебно засегната и која води помалку сметка за начинот на својот живот, може да е обременета со хронични заболувања. Се дискутира и околу различната хормоналлна состојба, како и генетски детерминираната посилна имунолошка реакција кај жените. Но, во преден план е т.н. АЦЕ2 рецептор, преку кого вирусот Сарс-КоВ-2 може да продре во белите дробови – според една студија, тој е присутен во повисока концентрација кај мажите.