1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија без коментар околу признанието на Буш

Горан Петрески7 септември 2006

Македонските власти сеуште не се запознати со признанието на американскиот претседател Џорџ Буш за постоење на тајни затвори на ЦИА надвор од САД.Премиерот Никола Груевски одби да ја коментира позицијата на Македонија во случајот кој ја брануваше светската јавност:

https://p.dw.com/p/AdcW
Ел Масри
Ел МасриФотографија: AP

-Јас ги немам сите информации,уште помалку изјавата од синоќа,штом ќе имам такви информации,ќе се произнесам,рече Груевски.

Во Македонија не постојат тајни затвори на ЦИА,изјави поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов за Дојче Веле.

- Соработка со американските тајни служби е воспоставена во 1991 година,за тоа постои договор за размена на информации и друго,меѓутоа,во Република Македонија ниту имало ниту има услови за тајни затвори на ЦИА .

Точка за поврзување на Македонија со ЦИА беше случајот Ел Масри,германскиот државјанин кој тврдеше дека бил киднапиран и насила држен во Македонија.

Трајанов,сега како актуелен претставник на власта,но и Јани Макрадули како претставник на опозицијата сметаат дека случајот Ел Масри треба да се рачисти докрај:

-Доколку имало навистина нешто од тие активности што се одвивале на територијата на Македонија,подобро е усогласено со САД да се дадеше таква изјава навреме,но и сега не е доцна,ако има елементи од тврдењата дека бил незаконски чуван на територијата на Македонија.

-Мислам дека на Македонија како на држава и одговара да се расчистат сите тие дилеми во случајот Масри,без разлика дали тоа и одговара на некоја партија,мислам дека тоа е прашање за цела Република Македонија и затоа кооперативно учествувавме и кога беше овде мониторинг комисијата од Советот на Европа,и наши членови од партијата учествуваа во разговори со нив.

Делегација на Советот на Европа беше во Скопје да го истражи случајот,македонската полиција не оттстапи од ставот дека Ел Масри бил третиран согласно на законот.