1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го интезивира политичкиот дијалог

Александар Чомовски 23 декември 2007

Во очи самитот на НАТО во Букурешт и престојната нова рунда преговори со Грција околу името, Македонија ги интензивира напорите за надминување на внатрешно - политичките отворени прашања.

https://p.dw.com/p/CfRH
Грција и натаму се заканува со ветоФотографија: AP

НАТО шансите но и притисокот од Грција за вето ги мотивира македонските политичари поефикасно и побрзо да постигнуваат компромис околу реформските зафати.

Премиерот Никола Груевски во понеделник повторно ги свикува шефовите на парламентарните партии за двете најспорни прашања од неговиот мајски договор со лидирот на ДУИ Али Ахмети - законот за албански јазик и специјални права на припадниците на ОНА.

Како што се приближува самитото во Букурешт но и новата рунда во македонско грчките преговори, така двете теми силно се присутни во јавноста во Македонија.