1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го претсавува Акциониот план за НАТО во Брисел

20 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BhoA

Мaкедoнија денеска ќе ја презентира годишната програма на Акциониот план за членство во Алијансата на состанокот со Високиот политички комитет на НАТО во Брисел. Во програмата се содржани досегашните достигнувања во сите реформски процеси во земјата, како и конкретните планови и активности за исполнување на потребните критериуми и стандарди на патот до поканата за полноправно членство. Се очекува ова да биде последна акциона програма пред евентуалната покана за членство во Алијансата во април наредната година.