1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го прославува денот на Уставот

Александар Чомовски17 ноември 2006

Во Македонија денеска се одбележуваат 15 години од донесување на Уставотот во земјата.

https://p.dw.com/p/Ac1d
Македонското собрание
Македонското собраниеФотографија: aptn

Зa 15 години македoнскиот Устав ја гарантираше самостојноста на државата но ги предизивика и конфликтиите со соседна Грција околу името, именувањето ФИРОМ во меѓународната заедница.

Промените во највисокиот акт беа и еден од мотивите за внатрешните судири 2001 година со припадниците на ОНА.

Охридскиот договор во повоена Македонија ја иницира најголемата промена во Уставот со што државата стана мултиетничка заедница со два рамноправни јазици македонскиот и албанскиот. „Со Уставот, Република Македонија се дефинираше како граѓанска и демократска држава, држава во која основна цел ќе биде да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и слободи, да се обезбеди мир, соживот и рамноправност, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот. “ потсети денеска претседателот Бранко Црвенковски.

На денот на уставноста, спикерот Георгиевски не исклучи нова промена на Уставот. Владеачката коалиција веќе еден месец ја тестира јавноста за две прашања. Дали шефот на државата да се избира како и досега на непосредни избори или од парламентот? Експерите се поделени.

Универзитетските професори Мирчев и Лазаревски „Со овој обем на овластувања на претседателот какви што ги има, и начинот на кој е поделена внатрешно извршната власт, има малку примери, ако воопшто ги има во светот, каде што претседателот се бира на општи избори.“ - „Јас лично да ви кажам дека не гледам рационални причини да го менуваме моделот на избор на претседателот.“

Во политичките кулоари и можните меѓупартиски договори во владината колаиција оптег е идејата, стара за потпретседател на државата избран од редовите на Албанците. Иницијаторите на новиот деловник во парламентот се судрија и со уставните ограничувања, со албански јазик да се претседава и во законодавниот дом „По мое мислење исчекорувањето во оваа насока во која е најавено може само да ја продлабочи довербата, да ја деблокира работата на собранието, да ја направи поефикасна“ застапува теза за двојајазичноста и во претседавањето во законодавниот дом професорот Владо Поповски кој заедно со Љубомир Фрчковски и Мирчев го пишуваа првиот македонски Устав во 1991 година. Веднаш потоа Македонија стана и член на ОН. Патот до нејзиното меѓународно признавање зависеше од одлуката на арбитрарната комисија, составена од претседатели на уставните судови на пет европски држави.

Францускиот професор Робер Бадентер, се сеќава во специалното тонско обраќање до македонската јавност, дистрибуирано денеска „Кога арбитражната комсиија го даде своето мислење, тоа беше направено не за да му се причини задоволство на македонскиот народ. Таа тоа го направи бидејќи тоа беше израз на правото. Во ниту една секунда, ниту претседателот Херцог, ниту другите членови на комисијата на арбитражата не рекоа дека тоа треба да се направи заради задоволство на Македонците. Значи го правевме затоа што тоа беше според правото.“ вели денеска Роберт Бадентер.

По уставниот експерт од Франција е жаргонски именувано и правилото на меѓуетничката консезулана демократија, што значи дека без мнозинските гласови на Албанците во Македонија не може да се донесе ниту еден закон што задира во националните или културните права на малцинставата кои живеат во државата.