1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го чествуваше Илинден

3 август 2009

Празнувањето на 106 годишнината од Илинденското востание и 65 годишнината од АСНОМ на површина ги исфрли проблемот меѓу МПЦ и СПЦ и спорот со Грција околу името.

https://p.dw.com/p/J2HB
Фотографија: MIA

Според традицијата, централните Илинденски чествувања се оддржуваат во Крушево. На Мечкин камен годинава претседателот Ѓорге Иванов оддржа говор, а цеќе положија и поранешните македонски претседатели, Киро Глигоров и Бранко Црвенковски. Поголем публицитет добија настаните сврзани со одбележувањето на АСНОМ, во и околу српскиот манастир Прохор Пчињски. По пет години пауза, годинава, парламентарно-владина делегација ја одбележа јубилејната 65 годишнина од АСНОМ во манастирскиот комплекс во Прохор Пчињски на српско-македонската граница.

На историскиот 2 август, се оддржа и средба на иселениците во битолско Трново, каде присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски. На оваа средба се тематизираше грчко-македонскиот спор околу името.

Автор: АЧ/АТ

Редактор: Александра Трајковска