1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија добива јасна поддршка за прием во НАТО

Александар Чомовски 27 февруари 2008

Од секој партнер и пријател Македонија ја бара последната и решавачка поддршка за членство во НАТО. Во Скопје романскиот министер за надворешни работи ја пренесе поддршката на неговата земја.

https://p.dw.com/p/DERA
Романскиот министер за надворешни работи во СкопјеФотографија: MIA
Романскиот министер за надворешни работи Адријан Чоројану денеска во Скопје ја пренесе поддршката на Романија за приемот на Македонија во НАТО. Со неговиот македонски колега Антонио Милошоски денеска потпишаа протоколи за соработка меѓу Македонија и Романија.